Skip to content Skip to navigation

ГАРАНЦИЈА

Аутомобиле СК како ексклузивен увозник на возилата од програмата на FIAT е носител на Гаранцијата за возилата купени од неговите овластени “дилери“. Увозникот изјавува дека во периодот од 7 (седум) години сметајќи од датумот на продажба на возилото на територијата на Република Македонија ќе обезбеди сервис и резервни делови за потребите на одржување и поправка на возилата.

Гарантниот рок за возилото трае 2 години со неограничен број на поминати километри и се смета од датумот на предавањето на возилото на купувачот.

Гаранцијата подразбира поправка или замена на било кои делови кои се неисправни и не се поправаат, а неисправностите се резултат на фабричка грешка.

Сите поправки кои се извршуваат како резултат на гаранциски дефект се сосема бесплатни за купувачот и подразбираат:

– Поправка или замена на неисправниот дел;

– Трошоци за работна рака кои произлегуваат од поправката или замената;

– Набавка на резервни делови и материјали кои се потребни за поправката или замената.