Иднина или сегашност?
Во Fiat, веруваме во иднината на електричните возила и драстичното намалување на емисијата на издувни гасови преку дејствувањето на Групацијата Стелантис. Фрливме камен-темелник на основата која сметавме дека ќе биде иднината уште во 2019 година на Саемот во Женева, со новиот Fiat Centoventi: електричен концепт-автомобил којшто имаше дизајн на најкомпактните кросовери, и се стремеше кон одржлива мобилност со намалена емисија. Најсилната негова точка беше автономијата. На платформата на овој концепт-автомобил можеа да се постават до 4 пакети батерии. Секој модул ветува 100 километри автономија. Петтиот модул беше сместен помеѓу предните и задните седишта. Во 2020 година дебитираше иконата Fiat 500e, 100% електричен автомобил чија намена беше да направи револуција во урбаната мобилност низ градовите.
Патот кон електричното
Кога се зборува за електрични автомобили, се зборува за иднината. Повеќе земји многу веруваат во предностите на електричните автомобили, и даваат посебни предности за нивно купување. Но, како функционира еден електричен автомобил? Електричниот автомобил е автомобил кој се движи благодарение на користењето на моќни и модерни батерии: за разлика од хибридните автомобили, емисиите се уште пониски и не создаваат бучава, освен на звукот кој ги предупредува пешаците дека автомбилот наидува. Електричниот автомобил се идентификува со кратенката B.E.V. (Battery Electric Vehicle) - електрично возило на батерии, затоа што се напојува од батерија која пак се полни преку јавната електрична мрежа, на станици за полнење, и во домашни услови. Времето на полнење е различно кај различни автомобили и зависи од типот на полнењето, моќноста и капацитетот на батеријата.
Предности на електричните автомобили: добри се и за тебе и за околината
Слободен пристап до зоните со ограничен сообраќај
Бидејќи се возила кои не ја загадуваат околината, електричните автомобили имаат слободен пристап до градските центри. Во секој случај треба да се има дозвола од градските власти.
Намален трошок за енергија
Полнењето на батеријата е поекономично од кое било друго гориво, и може да се прави во домашни услови, преку сопствен полнач.
Лесно и удобно возењето
Електричниот автомобил е совршен за возење низ град. Можеш да го возиш со само една нога и има глатко забрзување.
Одржување
Механиката кај електричните автомобили, од моторот до трансмисијата, е поедноставна во однос на онаа кај традиционалниот автомобил, има помалку елементи и помалку течности за полнење.
Цена и време на полнење на електричните автомобили
Времето на полнење на електричниот автомобил зависи од типот на батеријата и начинот на пристап до мрежата за полнење. Еден од главните предизвици на автомобилските куќи е истражување и развој на батерии кои може да обезбедат подолга автономија и побрзо полнење. Батериите на модерните електрични автомобили, поголемиот дел литиум јонски (Li), се потрајни. Постојат различни начини на полнење на електричните автомобили на јавните станици за полнење, кои може да се изберат според честотата на полнење: енергијата може да се плати или со платежна картичка или со ЕВН картичка кога фактурата за сите полнења ќе ја добиете на крајот од месецот. Од дома, електричниот автомобил може да се полни преку посебен уред (Wallbox) или со поврзување на кабел: цената варира врз база на реквизитите за полнење и од снабдувачот на енергија. Може да се инсталира и дополнителен уред, по желба на купувачот, кој посебно би ги следел трошоците за полнењe.
Полнењето на твојот електричен автомобил, на дофат на раката
Воглавно, времето на полнење на електричните автомобили зависи од капацитетот на батериите, но пред сѐ од моќноста (kW) на батеријата и од максималната моќност на полначот. Најлесен и најраспротранет начи на полнење на електричниот автомобил е со поврзување на приклучок, но за да се добие побрзо полнење, сопственикот може да го избере уредот Wallbox или пак полначите на јавните станици. Wallbox уредот може да се инсталира дома или пак на работното место и обезбедува побрзо полнење. Станиците за брзо полнење се наоѓаат на стратешки места во градовите и на патиштата: имаат многу висока моќност, од 50 до 350 kW. Јавното полнење може да се врши преку наизменична струја (Кабел Mode 2 и 3) или еднонасочна (Кабел Mode 4).
Времето на полнење не може да се определи или пак да се пресмета а приори. Може да се потребни минути или пак часови, во зависност од kWh на батеријата на возилото, од моќноста на местото за полнење и полначот за автомобил. Влијае и надворешната температура и нивото на истрошеност на батеријата. Секако, брзината на полнење не секогаш е иста, се намалува штом се постигне полнење на батеријата од 80%