Хибриден автомобил: зошто е добар?
Автомобилскиот пазар е во постојана еволуција, иновативните решенија се многу важен дел од иднината на мобилноста, поради што е во постојан раст во цела Европа.
Преминот кон хибридна технологија е охрабрен од владите и регионалните администрации во Европа. Овие поволности постојат за да се поттикне употребата на хибридните автомобили, бидејќи кај нив електричниот мотор работи заедно со традиционалниот бензински или дизел мотор со внатрешно согорување, што овозможува значителна заштеда во однос на горивото. Хибридните автомобили ја штитат животната средина, намалувајќи ја потрошувачката и емисијата на CO2 во споредба со традиционалните автомобили. Во зависност од општинските прописи, за хибридните автомобили е одобрено паркирање во урбаните градски центри без наплата или со намален износ.

Како функционира хибридниот автомобил?
Кај хибридните возила, моторот со внатрешно согорување е поддржан од електричен мотор којшто овозможува претворање на хемиската енергија на горивото во кинетичка енергија. Батеријата на електричниот мотор се полни за да ја надомести потрошената енергија при регенеративно кочење, овозможувајќи значителна заштеда на гориво.

Предности на хибридните автомобили
Оние кои бираат хибриден автомобил избираат да трошат помалку гориво и да го намалат загадувањето. Хибридниот автомобил помага да се намалат потрошувачките и трошоците поврзани со нив. Тие, исто така, се многу удобни за возење: бучавата се намалува, а моторот со внатрешно согорување овозможува добри перформанси за растојание.
Сè на сè, предностите да се има хибриден автомобил може да се класифицираат на следниов начин :
Заштеда.
Дел од пресметката на данокот на моторни возила се граничните вредности на CO2 и коефициентите за оданочување по CO2 кои се пониски кај хибридните автомобили.
Мобилност.
Во зависност од општинските прописи, за хибридните автомобили е одобрено паркирање во урбаните градски центри без наплата или со намален износ.
Заштита на животната средина.
Хибридните автомобили се еколошки, бидејќи количеството на CO2 што се ослободува во околината е пониско. Присуството на интегрираниот електричен мотор ја ограничува потрошувачката на гориво.
Покрај горе наведеното, се покажа дека возачите на хибридни автомобили се многу порелаксирани од оние кои возат традиционални автомобили.
Fiat е хибриден
Електрификацијата отсекогаш била приоритет за Fiat, како што се докажува низ успесите кои ги нижат 500 Hybrid и Панда Hybrid. Нивната технологија Мild Hybrid претставува значаен чекор напред кон поеколошка и попристапна мобилност, придонесувајќи за намалување на емисиите на CO2 и за заштеда до 20% на трошоците за користење.
Fiat продолжува да биде лидер во иновацијата на електричната мобилност, која има сѐ пошироки решенија. Нaјновите модели на хибридни автомобили, како што се Fiat 600 и Grande Panda Hybrid, ја подобруваат ефикасноста на горивото, благодарение на системите за регенеративно кочење и возење во лер, кои ја надополнуваат енергијата при успорување.
Со Fiat 600 и Grande Panda Hybrid возењето ги добива следниве предности:
• E-Creeping: возилото се движи само со електричниот мотор кога батеријата е полна и возачот не притиска на гас.
• E-Launch: возилото поаѓа само со употреба на електричниот мотор, кога батеријата е полна.
• E-Queuing: совршено за возење, во градските гужви, во комбинација со системите Stop&Go и E-Creeping.
• E-Parking: за време на маневрите при паркирање автомобилот се движи само со електричното напојување, кога батеријата е полна.
Овие функции ја прават електрификацијата попристапна и претставуваат решително напредување кон поодговорна и поодржлива иднина за сите нас.
Добар е и за тебе и за околината
Заштеда
Одобрен пристап и паркирање во урбаните градски центри без наплата или со намален износ.
Намалени трошоци
Електричното полнење е многу поевтино од кое било друго гориво
Полесно возење
Потивко возење со глатко забрзување.
Одржување
Едноставност во одржувањето, како традиционално возило со мотор со внатрешно согорување.