Специјална серија Fiat 500 Riva : « Најмалата јахта на светот », симбол за исклучителна италијанска убавина – Fiat Makedonija

Вести

Специјална серија Fiat 500 Riva : « Најмалата јахта на светот », симбол за исклучителна италијанска убавина

11 July 2016

160627_Fiat_500_Riva_07

Култниот автомобил Fiat 500 е роден во 1957 и до денес е продаден во повеќе од 4 милиони примероци.

Легендарниот 500 е повеќе од обична потреба за подвижност, тој е одраз на една цела генерација која сака да ужива! Овој ентузијазам се прославува со Aquarama, и брзиот брод Riva, синоним за елеганција и софистицираност.

160627_Fiat_500_Riva_05

Главните карактеристики на новата генерација на Fiat 500 комерцијализирана во 2007 се изгледот и елеганцијата. Овој автомобил кој истовремено е ексклузивен и достапен е светски best-seller со чисто италијанско потекло.

Во 2015, Fiat 500 претрпе редизајн на надворешноста и на уредувањето на ентериерот за да ги задоволи и најпребирливите клиенти нудејќи им повеќе технологија, повеќе мотори и избор на персонализации: иконата постана вистинско ремек-дело !

160627_Fiat_500_Riva_14

Денес, Fiat и Riva создадоа нова специјална серија: 500 Riva, со оригинален стил и грижливо обработени детали. Бојата на каросеријата « Evening Blue » и на покривот – ексклузивно создадена за 500 Riva – е идентична на Aquariva Super, наследникот на легендарниот Aquarama. Во централниот дел на командната табла се наоѓаат ексклузивните вметоци од махагон дрво за идентификација на марката Riva, нудејќ им на патниците топол амбиент.

Силата на Fiat 500 и елегантниот стил на Riva ветуваат квалитетен автомобил со одлична технологии и дизајн, останувајќи верен на вредностите на двете легендарни марки со безвременски шарм.

500 Riva ги има сите предиспозиции на луксузен брод со елегантен стил, перформанси и комфор, правејќи од секое патување ексклузивно патничко крстарење.

160627_Fiat_500_Riva_16


Комплетна понуда на мотори

Новиот 500 Riva нуди комплетна понуда на мотори, кои истовремено располагаат со оптимални перформанси со контролирана потрошувачка на гориво и емисија на CO2 задоволувајќи ги Euro 6 стандардите. Меѓу неговите мотори вреди да се истакне докажаниот шампион во делот на економија на гориво, моторот Fire 1,2 со 69 КС, со опционал ECO. Со само 99 грама на километар во делот на емисија на CO2. Впрочем бензинецот TwinAir 0,9 cm3 со 85 КС и 105 КС, гарантира максимални еколошки и економични предности.

Во понудата се наоѓа и моторот turbo Diesel 1,3 Multijet со 95 КС, Fiat 500 е единствено возило од својата категорија кое нуди дизел верзија. Со моќност од 95 КС при 3 750 вртежи во минута може да достигне максимална брзина од 180 km/h и забрзување од 0 до 100 km/h за 10,7 секунди.

Понудата менувачи варира во зависност од моторите: мануелен менувач со пет или шест степени или пак роботизираниот менува Dualogic.

160627_Fiat_500_Riva_06

Комфор, сигурност и забава

Новата специјална серија нуди богата сериска опрема. Во сериска опрема се вбројуваат: седум воздушни перничиња Fiat 500 Riva за оптимална сигурност, ABS со електронска распределба на сопирањето (Electronic Brake Distribution), и електронскиот систем на стабилност (Electronic Stability Control), системот за заштита од пролизгување (Anti Slip Regulation), и уредот Hill Holder за помош на возачот при тргнување на нагорнина, и хидраулична помош при сопирање (Hydraulic Brake Assistance). Во останата сериска опрема се вброзјуваат и автоматски клима уред, магленки, дневни светла со LED и персонализиран дигитален екран TFT 7” со логото на Riva.

На екранот TFT се читаат брзината и навигацијата, дигитална командна табла, но и класичната инструмент табла на 500, со концетрични кругови и кружни команди.

Најново од Fiat