Fiat ја претстави новата верзија Tipo Station Wagon – Fiat Makedonija

Вести

Fiat ја претстави новата верзија Tipo Station Wagon

20 September 2016

160908_Fiat_Tipo_02_slider

Со верзијата Station Wagon, Tipo се насочува и кон најпребирливите клиенти, кои даваат предност на интелигентните решенија. Горд на непобедливиот сооднос квалитет-цена на чинење, семејството на Tipo нуди три стилови – 4 врати, 5 врати и Station Wagon – така што сите профили на купувачи ќе си ја пронајдат својата најсоoдветна верзија , било да се работи за семејства, млади брачни парови или млади возачи. Гамата на FIAT Tipo ја доби наградата « AutoBest 2016, Best Buy автомобил во Европа за 2016 », од жири составено од европски новинари.

Верзијата Station Wagon е долга 4,57 m и висока 1,514 m, односно 19 mm повеќе од верзијата со пет врати со надолни носачи на покрив. Товарниот капацитет изнесува 550 литри (+ 110 литри повеќе во споредба со верзијата со 5 врати) и може да достигне дури до 1 650 литри со преклопување на задната клупа ;во багажниот простор ја нуди и практична солуција Magic Cargo Box за оптимална мултифункционалност.

160908_Fiat_Tipo_01_slider

Овој нов модел нуди докажано потпирање кое гарантира голема прецизност во возењето и одлично држење на патот. Независни тркала напред од типот на McPherson и меѓуповрзани тркала назад ја гарантираат неговата енергетска ефикасност без воопшто да влијаат врз одличната динамичност во возењето.

Идентично на Tipo 5 врати, каросеријата Station Wagon се нуди во четири нивоа на опременост Tipo (основно ниво), Pop, Easy и Lounge. Моторите Euro 6 се пет на број : Diesel MultiJet 1,3 од 95 и 1,6 со 120 КС, бензин 1,4 со 95 КС и 1,4 T-Jet со 120 КС.

Мануелниот менувач со 5 степени кај моторот Diesel 95 КС и менувачот со 6 степени кај останатите мотори. Автоматскиот менувач со двојна спојка DCT ќе биде на располагање кај моторот Diesel 1,6 l со 120 КС.

Дополнителната опрема кај Tipo Station Wagon во однос на верзијата со пет врати е следна:

• Надолни носачи на кров
• Дополнителен товарен простор (550 l)
• Електрика на стаклата назад
• Систем на преклопување на седишта Flip&Fold
• И нов систем во багажниот простор Magic Cargo Box

Најново од Fiat