ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ НА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА

Важно е за тебе, за патниците и сите околу тебе целиот систем за кочење да биде во оптимална состојба. Доколку почувствуваш вибрации, чудни звуци или преголемо растојание на сопирање кога ќе почнеш да притискате на педалата за кочница, веднаш обрати се во овластен сервис на Fiat. Нашиот мехничар ќе провери дали кочниците треба да се заменат.


ОРИГИНАЛНИ РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

За да гарантира безбедно и безгрижно возење, Fiat врши опширни тестирања со најнова опрема и технологија за да се осигури дека нашите дискови на кочниците можат да издржат топлина и притисок. Нашите оригинални резервни делови се направени од квалитетни материјали и се дизајнирани специјално за твоето возило за да се обезбеди правилно функционирање на системот за кочење.