Резервни делови за Fiat

Fiat нуди широк спектар на решенија за делови прилагодени на возраста и потребите на твоето возило.

Оригинални делови за Fiat од Mopar

Само оние што го направиле твојот Fiat можат да ги направат најдобрите делови

 

Оптимални автомобилски перформанси

Оригиналните делови на Fiat од Mopar се дизајнирани од истите луѓе што го дизајнирале твоето возило. Никој не ја разбира целосната функционалност и дизајн на возилото Fiat како нас. Нашиот целосен асортиман на делови се придржува до строги стандарди за тестирање и се направени од висококвалитетни материјали што можат да обезбедат одличен изглед, издржливост, максимална безбедност, удобност и вредност за твоето возило - со години.

 

Најсовремена иновација, знаење и достапност

Оригиналните делови на Fiat од Mopar се развиваат заедно со возилата на Fiat. Затоа, тие се целосно интегрирани и технолошки напредни како и секој нов модел на возило што се произведува и се достапни и во моментот на лансирање на ново возило, обезбедувајќи достапност на истите.

 

Совршено вклопување

Само оригиналните делови на Fiat од Mopar совршено се вклопуваат со спецификациите и дизајнот на секое возило. Ова значи дека може да се потпреш на лесна замена со делови што прецизно одговараат.

 

Тие се достапни низ целата мрежа на Fiat, низ целиот свет и најмалку 10 години по лансирањето на финалното возило.