НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ И ДОДАТОЦИ
Еве ги најчесто поставуваните прашања поврзани со делови и додатоци.
Едноставно: само оние што го направиле твојот автомобил можат да ги направат најдобрите делови.
Оригиналните резервни делови се резултат на постојана посветеност во истражувањето и развојот на иновативни технологии.
Дополнително, тие се предмет на најстроги инспекции од моментот кога се дизајнирани, па сè до нивното влегување во производство, за да се обезбеди сигурност, удобност, перформанси и безбедност.
Затоа што е важно да го довериш твојот автомобил на оние кои го познаваат навистина добро, до последниот детаљ. Оригиналните додатоци совршено се вклопуваат со сите механички и електронски делови на твојот автомобил. Тие редовно се предмет на строги проверки, за да овозможат врвна удобност, перформанси, безбедност и прилагодување со текот на времето. Fiat нуди широк спектар на оригинални додатоци специјално дизајнирани за да го направат твоето возило уште повеќе „твое“ и да одговори на твоите специфични потреби. Нашите оригинални додатоци се направени од инженерите кои го дизајнирале и произвеле твојот автомобил, така што секогаш знаеш дека добиваш највисоките стандарди за квалитет, безбедност и издржливост. Изборот на оригинални додатоци на Fiat значи квалитет и безбедност (дизајнирани според најстрогите технички спецификации и тестирани под најтешки услови), стил (совршено се вклопуваат во твоето возило), совршено прилагодување и леснотија на користење.Направи го твојот автомобил по сопствен вкус со оригиналните додатоци на Fiat.
ОДРЖУВАЊЕ
Еве ги најчесто поставуваните прашања поврзани со одржувањето
Овластениот сервисер на Fiat ја обезбедува целата потребна експертиза. Нашите техничари на Fiat се целосно обучени да знаат сè за твојот автомобил. Каква и да е работата што треба да се изврши на твојот Fiat, од годишната проверка на возилото до проверка на каросеријата, тие секогаш се среќни ако можат да помогнат со сите теми поврзани со високотехнолошките системи на твојот Fiat.Ние го изградивме, ние го одржуваме.
Сите детали за честотата на одржување и ограничувањата на километражата кога треба да се изврши сервисирањето се дадени Упатството за употреба на твојот автомобил.
Од безбедносни причини и за постојани перформанси, важно е да се прилагодат гумите на годишното време. Во лето се претпочитаат летни гуми (сметани за обични гуми). За зима, може да се стават зимски гуми на твојот автомобил. Зимските гуми го подобруваат прилепувањето на гумите на снежни патишта. Замената на гумите, во зимската сезона е задолжителна.
Гумите треба да ги смените кога ќе стигнете до индикаторот за абење на истите, а подобро и пред тоа, за да се спречи губење на прилепување или пак лизгање на влажен коловоз.
Гумите M+S, чиј акроним е скратеница од „кал и снег“, ги носат овие два иницијали на страничниот ѕид на гумата и се правно еквивалентни на зимските. Овој тип гума е познат и како „all weather“ и „all-season“.Зимските гуми, познати и како гуми за на снег, покрај буквите M+S, имаат и симбол излиен на страната: планина со три врва со снегулка. Вториве гуми нудат значително повисоки перформанси и при сопирање и на снежни патишта.
Кампањата со повикување е доброволна акција на производителот на автомобили за корекција на сите проблеми на неговите производи поврзани со безбедното работење на возилото или за корекција на несоодветности. Fiat ќе го поправи проблемот, бесплатно, дури и ако возилото е надвор од гаранција и се работи за друг сопственик. Штом ќе добиеш известување, веднаш контактирај со овластен сервисен центар за да закажеш интервенција препорачана за твојот автомобил. Сите контакт лица од овластените центри, може да се најдат на следниов линк . Кога ќе се јавиш за да закажеш термин, потребно е да го кажеш и бројот на шасија на твоето возило, кој ќе го најдеш во сообраќајната дозвола.
УСЛУГИ
Ова се најчесто поставуваните прашања поврзани со услугите кои ги пружаме кога го вршиме одржувањето во овластен сервис на Fiat
Какви и да се околностите, услугата помош на пат за Fiat е комплетно прилагодена на твоите потреби.