FIAT го прославува 127-иот роденден
Со претставување на Grizzly и Grizzly Fastback

   

Co Grizzly и Grizzly Fastback, FIAT ја комплетира својата гама на производи со две различни силуети за два различни типа на клиенти, секоја од нив за да ги задоволи реалните секојдневни потреби на семејствата.

Grizzly е СУВ за оние кои сакаат простор и удобност, додека пак Grizzly Fastback е замислен да ги задоволи клиентите кои бараат разумни предности во една малку поразлична силуета.

Одлуката да бидат претставени на роденденот на FIAT беше природно решение. Затоа што не се работи за едно обично лансирање на возило: FIAT го прави она што отсекогаш го правел најдобро: го прави превозот на семејството едноставен, пристапен и вистински соодветен од Европа до Средниот Исток и Африка до Јужна Америка.”

Оливие Франсоа, Директор на FIAT и глобален маркетинг директор на Стелантис

Grizzly и Grizzly Fastback заслужуваат оригинално претставување

На 11 јули, FIAT го прославува 127-иот роденден со претставување на новите модели Grizzly и Grizzly Fastback co посебно наменето видео, кое го означува доаѓањето на две нови силуети во рамките на подновената понуда на Марката за семејствата.

Концептот се базира на едноставна слика која се издвојува: пристигнуваат два нови члена во еден неочекуван контекст,  како италијанската матична служба.

Во видеото Оливие Франсоа, Директор на FIAT и глобален маркетинг директор на Стелантис, ги претставува двата нови автомобили на ѓалерот на матичната служба, претворајќи еден класично бирократски момент во неочекувано пробно возење со Grizzly и Grizzly Fastback.

Новите возила за семејствата

Grizzly и Grizzly Fastback претставуваат следен чекор во стратегијата на производот на FIAT: две силуети создадени за да ги задоволат потребите на семејствата со истиот едноставен пристап, едноставен и разновиден. Како што беше опишано на Денот на инвеститорите, одржан на 21 мај во Оборн Хилс, проектот ја потврдува улогата на FIAT како една од двете најзастапени марки на Стелантис, која нуди пристапна и релевантна мобилност на купувачите ширум светот, особено во трите главни региони: Европа, Средниот Исток и Јужна Америка.

Grizzly нуди простор и секојдневна практичност во формат на СУВ, додека пак Grizzly Fastback има поразлична силуета, задржуваји го истото внимание за фунционалноста и потребите на семејствата.

Компактен однадвор, просторен однатре, Grizzly е долг 4,4 m, и е проектиран за да одговори на потребите на реалниот живот: простор, удобност, секојдневна флексибилност. Grizzly Fastback достигнува 4,5 m должина, комбинирајќи елегантни пропорции, изразит дизајн и извонредна практичност, со внатрешна просторност и багажник од 600 l.

За да им понудат дополнителна слобода на избор на купувачите, Grizzly и Grizzly Fastback ќе бидат на располагање со бензински, хибридни и комплетно електрични мотори, со максимална моќност до 145 КС и мануелен или автоматски менувач, во зависност од регионот.

Гамата ќе понуди седум живи бои и е опремена со технологија замислена да го направи секојдневното возење едноставно, интуитивно и пријатно.

Grizzly и Grizzly Fastback своето прво појавување во јавност ќе го имаат на Саемот за автомобили во Париз во Октомври, а комерцијалното лансирање е предвидено за последното тромесечје од 2026 година.