Panda Raid 2019- Fiat Panda Cross -Пустински ас

Panda Raid 2019- Fiat Panda Cross -Пустински ас

• 3.000 километри, 7 етапи и 400 –тина тимски учесници. Тоа се бројките на инволвираните во Panda Raid 2019, традиционална рели трка наменета за 4х2 и 4х4 возила на Panda произведени пред 2003 година.
• Од Мадрид па се до Маракеш, возење на пустински патеки пропратени со бескрајни пејзажи.
• Истиот тек го поминуваше и новиот Fiat Panda Cross 4×4 со симболична предаденост помеѓу моделот на истражувач од 1980-тите и актуелниот шампион на европските градови.
• Заедничко за постарите модели на Panda и новите е фактот што тие ја поседуваат истата конструкција и практичност поради што над 7,5 милиони возачи започнувајќи од 1980 год.па се до денес го избираат како настан ,, слобода на 4 тркала’’.

Па така денес, со 11то издание на Panda Raid,традиционалната трка наменета за автомобили 4х2 и 4х4 Panda произведени пред 2003 година, стана традиционален настан на календарот за Рели Трки,иако го задржува својот аматерски дух,но е во истата категорија како легендарната трка во Дакар. Оваа година околу 400 тина постари модели на Panda од целиот свет беа присутни на стартната позиција во Мадрид,
спремни да ја извозат релацијата од Мадрид па се до пустинскиот бисер-Маракеш.
Со стартување на трката на 8ми март од Мадрид, живописниот караван се упатува директно кон крајбрежјето,поточно до пристаништето на Мотрил, каде со кратко превезување со траект стигнувајќи до браната Мохамед V во Мароко тие всушност започнуваат со возење на свој терен.Преку преземање на пустински патеки,песочни дини,глетка на пустината и бескрајни пејзажи видливи за човековото око ,се спојуваат градовите Бел-Фризиат, Маадид, Тазулаит и Тансикт, па се до 15 ти март со последната етапа во легендарниот Маракеш.

PANDA RAID 2019 Конечен пласман
Категорија 4×4
1) Франциско Хавиер Вила – Луис Торескасана
2) Паоло Коласанти – Енрико Мараска
3) Ксави Гарсија – Пол Морал

Категорија 4×2
4) Иван Родригез – Мариела Глисанз
5) Давид Лопез – Хуан Мариа Мерино
6) Алваро Ернан – Карлос Ернан

Ви треба информација? Разговарајте со нас