Нова гама Abarth: две иконски суштини, два нови пакети и една нова легендарна портокалова боја. Едноставна да се конфигурира, направена за забава!

Нова гама Abarth: две иконски суштини, два нови пакети и една нова легендарна портокалова боја. Едноставна да се конфигурира, направена за забава!

  • Креирај го својот Abarth во само три чекориизбери ја суштината, Turismo или Competizione, бојата и комплетирај го со пакетитеЕдноставност во најдобро издание.
  • На лансирањето на новата портокалова боја Racing, боја создадена од комбинацијата на иконските црвена и жолта Abarth, инспирирана од светот на трките и историскиот Фиат 131 Racing Volumetrico Abarth.

Да се конфигурира нов, возбудлив и истоврмено ексклузивен Abarth, никогаш не било поедноставно, благодарение на новото интуитивно customer experience – задоволство на клиентите на марката. Новата гама Abarth е подобрена според стратегијата “едноставност и задоволство за клиентот”.

Доволни се неколку минути за да се креира сопствениот Abarth по мерка, како да е облека од високата италијанска мода, во зависност од личните потреби и вкусови.

Може да се постави нивото на адреналин, избирајќи помеѓу Abarth 595 со 165 КC или пак Abarth 695 со 180 КC. И двете верзии може да понудат возбудливи перформанси, громогласен издув, непристоен и разигран, но истовремено смел стил и, природно, огромно уживање во возењето.

Потоа, се бира помеѓу двете суштини на автомобилот, Turismo или пак Competizione, на располагање и со двата мотори и во верзиите хечбек и кабрио.

Подетално, суштината Turismo е поврзана со стилот и удобноста, типични за италијанските Granturismo и е наменета за оние клиенти кои сакаат да се издвојат, коишто го сакаат градскиот живот, но сакаат храбро да го живеат. Располага со седишта обложени со црна кожа, алуминиумски тркала од 17″ Turismo и ознака Turismo. Competizione, пак, се обраќа кон љубителите на перформанси и спортско возење без ограничување, на оние кои сакаат да уживаат по патиштата како да се на тркачка стаза. Накратко, тоа е суштина наменета за некој кој никогаш не се откажува од можноста да го претвори патувањето во неверојатно доживување. Се нуди со седишта Sabelt Carbon, алуминиумски тркала од 17″ Competizione и ознака Competizione.

Штом се комплетира овој прв, возбудлив чекор, може да ги конфигурирате вашите верзии благодарение на два иконски пакети. И двата веднаш асоцираат на легендарните tuning kit на Скорпијата, кои во шеесетите години ги трансформираа стандардните возила во непобедливи тркачки автомобили.

Двата пакети ги одразуваат суштинските вредности на марката за перформанси и стил:

–        Tech: осмислен за клиенти кои бараат напредна технологија, вклучува навигатор од 7″ и  Clima auto.

–        Comfort: проектиран за оној кој бара премиум карактеристики за да се издвои во секоја прилика, се нуди со аудио систем Beats и предни ксеноснки светла.

Конечно, ќе може да ја изберете омилената боја за да ја комплетирате конфигурацијата на вашиот нов Abarth. За прв пат се појавува новата портокалова “Arancione Racing” боја, создадена со комбинација на жолтата и црвената, иконските бои на марката. Таа е основа на ознаката Abarth и ги претставува боите кои ја прославија Скорпијата. Накратко, бојата на сите инстинкти на Abarth.

Смела и нападна боја, чие име потсетува на светот на трките, ја обновува историската врска помеѓу Марката и Фиат 131 Racing Volumetrico Abarth, проиведен во ограничено издание и со новата портокалова боја Arancione Racing 255.

Торино, 3 ноември 2022

Ви треба информација? Разговарајте со нас