Key Award 2017: наградени комуникациските кампањи наменети за Fiat 500
Прва награда за кампањата “Kiss My S” посветена на најспортската верзија Fiat 500S во категоријата “A3 – Транспорт и енергија “.
Прва награда за кампањата “Cima” co ексклузивниот протагонист Fiat 500 Riva во категроијата “B1 – Poster”.
Во новиот Аудиториум на Универзитетот ИУЛМ во Милано, се одржа церемонијата за доделување на наградите од 14-иот “Press, Outdoor & Promotion Key Award”, престижниот конкурс промовиран од страна на Media Key Events – оддел од издавачката групација Media Key која преку 25 anni е референца на полето на публикација и комуникација на фирмите – за промовирање на комуникацијата преку печатена хартија и и формите за надворешна комуникација, настани и промоции.
Двојниот трофеј за кампањите реализирани од страна на креативната агенција Лео Бурнет е доделен на “малиот” Фиат: најспортскиот 500S и на ексклузивниот 500 Riva. Тоа се двете најнови верзии на моделот-симбол на марката Фиат кој годинава го прославува 60-иот роденден. Овој модел низ годините се надградуваше, но знаеше како да ги задржи непроменети сопствените вредности така што и ден денс ги освојува срцата на вљубениците во убавото и оригиналното: и кој во моментов е најпродаваниот автомобил во неговиот сегмент во 8 европски земји и на подиумот на 15 земји меѓу кои Велика Британија, Италија, Франција, Шпанија и Германија.
Двете признанија ги додели жирито на “Press, Outdoor & Promotion Key Award 2017” – составен од директорите за креација, маркетинг и комуникација на италијанските фирми, експерти за комуникација и новинари – кое ги избра најдобрите кампањи реализирани и спроведени од 1° јануари 2016 до 30 јуни 2017.
Во категоријата “A3 – Транспорт и енергија” првата награда ја освои интернационалната кампања “Kiss My S” наменета на Fiat 500S, верзија со агресивен изглед и силна персоналност, лансирана во јуни 2016, која за помалку од една година го освои второто место на најпосакувани нивоа на опременост со квота од околу 20% од вкупната продажба на Fiat 500 во Европа. Плод на ваквиот пристап кон иновативноста на марката Fiat на полето на комунокацијата е победничката кампања која го претстави новиот Fiat 500S, со најагресивен изглед и силна персоналност, токму како и таргетот за коиј е осмислен: “Bad Boys”. Интернационална кампања, планирана за на ТВ, во печат, за отворени врати и за на радио, co различни теми, сите поврзани со креацијата “What Bad Boys Drive”.
Прва награда и за кампањата “Cima” („Врв“), во категоријата Б1 – Постер, кој го прикажува привлечниот Fiat 500 Riva закотвен со јаже како мала и ексклузивна јахта. Совршен амбиент за “The Smallest Yacht in the world” изработен во ограничена едиција од 10.000 примероци, продадени за само 12 месеци од лансирањето во јуни 2016.
Истиот шарм го дели вториот креативен труд, каде протагонисти се луксузните детали – елегантна метализирана боја на каросеријата сина “Blu Sera” збогатена со двојна странична линија која го опкружува автомобилот, дрвена шал табла од махагони проткаени со делчиња од јавори седишта во кожа, боја слонова коска со сини детали – кои 500 Riva ги дели со јахтите, симбол Made in Italy.
Победничката кампања е дел од планот за интернационална комуникација на различни нивоа. Меѓу нив, ТВ кампања, реализирана со учество на оскаровецот Адријан Броди, кој уживајќи во патувањето низ Милано и Париз плени со својот шарм и ја истакнува убавината и ексклузивноста на овој извонредн примерок потпишан од Fiat и Riva.