#fiatforkids: Фиат ја лансира Боенката за моделот 500, мислејќи на најмладите

#fiatforkids: Фиат ја лансира Боенката за моделот 500, мислејќи на најмладите

Иницијативата #fiatforkids, Боенка “наменета” за 500 за да ги вклучи најмладите заедно со целото семејство во изборот на бојата на автомобилот.
Боенката може да се симне од Facebook страната на Fiat.
Fiat мисли на најмладите co иницијативата #fiatforkids, Боенка 500 која, во совршен Fiat стил, игрива и забавна, го привлекува вниманието на најмладите кои може да поминат неколку часа во цртање и боење на трите генерации на Fiat 500, давајќи им целосна слобода во креативноста и на фантазијата, притоа давајќи им можност на “возрасните” да им дадат на најмладите можност времето да го поминат во креативност.
Боенката 500 е создадена за да ја поттикне креативноста на најмладите во разни перспективи: да обојат три генерации 500, да нацртаат или да обојат сценарио во чии рамки се движи автомобилот 500, или пак да замислат патување и да нацртаат панорама гледајќи од прозорот на автомобилот. Боенката е направена така што целото семејство може да се вклучи во нејзиното пополнување при што поминуваат неколку часа сите заедно.
Fiat отсекогаш бил автомобил за целото семејство, овој пат не за да го однесе во нови патувања, туку за да го задржи целото семејство дома.