Fiat Tipo со пет врати и караван

Fiat Tipo со пет врати и караван

Оваа зима, Fiat на Саемот на автомобили во Женева ги претстави новите членови од семејството Tipo: верзиите со пет врати ( хечбек) и караван.  Ова лансирање го одбележува враќањето на голема врата на марката Fiat во сегментот на средно компактни возила (C). Комплетна гама која ги задоволува потребите и желбите како на бизнисмените така и на сите купувачи. 

Верзијата седан со 4 врати е комерцијализирана кон крајот на 2015 и веќе се излезени повеќе од 35 000 примероци : успехот се должи на разумната цена на чинење и на огромниот багажен простор како и просторот за патниците најголем во категоријата, главен аргумент на пазарот на троделните средни компактни берлини во многу земји во светот. 

Семејството Tipo ја доби престижната награда « Best Buy Car 2016 » на Autobest од дваесетишест членовно жири од највлијателни европски автомобилски новинари. Награда која се должи на дизајнот, квалитетот, удобноста и мултифункционалноста на овој модел кој се преведува со слоганот  “Потребно е малку за да добиете многу “.

Tipo 4 врати, 5 врати и караван се одговор на марката Fiat на прагматичните потреби и критериуми при купување на автомобил. Горд на соодносот квалитет- непобедлива цена на пазарот, семејството Tipo нуди три посебни персонализации за да га задоволи потребите на семејства, парови или пак млади купувачи. 

Сите верзии на Tipo се карактеризираат со динамичност и темперамент специфични за марката Fiat. Понуда на мотори и ниво на опременост која целосно ги задоволува очекувањата на клиентите.

Функционалноста е одбележје на марката  Fiat повеќе од 80 години. Внатрешниот простор кој се нуди на патниците како и удобноста на седиштата и огромната зафатнина одлично се чувствуваат дури и кај караван верзијата.

Моделот со 5 врати е долг 4,37 m , широк 1,79 m и висок 1,50 m. Караван верзијата пак има 20 cm повеќе и достигнува 4,57 m и висина од 1,51 m со надолжните носачи на кров. Неговата ширина останува непроменета.

Верзијата со 5 врати се истакнува со зафатнина на багажен просотор од 440 литри, караван верзијата дури и повеќе со 550 литри, со ултрапрактични солуции за флексибилност во оптимална употреба.

Гамата која се нуди во зоната на EMEA  е едноставна и логична. Три стилови, три дизајни, три мотори, три типа на гориво и три различни преноси. Ниво на опременост Pop, Easy и Lounge со опција Бизнис за флотна продажба. Мотори дизел и бензин, а моќноста се движи од  95 до 120 коњски сили.

Се истакнуваат со ниска потрошувачка на гориво и емисија на CO 2 од 110 g/km.

Во согласност со духот на Fiat, овие нови членови на семејството Tipo се опремени со палета од интелигентни решенија осмислени да го олеснат патувањето на сите патници особено со примерот на систем Uconnect TM  HD LIVE со екран на допир во боја во висока резолуција 7 инчи од типот на таблет како и богата понуда на системи за активна и пасивна сигурност.

Fiat посветува посебно внимание на односот трошоци при употреба на возилото кои се посебно важни за професионалните клиенти. Марката нуди вредности кои се меѓу најинтересните на пазарот со особено намалена потрошувачка на гориво, трошоци за употреба, поправка како и чинење на редовно одржување. 

Семејството Tipo е дизајнирано во Италија во Centro Stile Fiat а се произведува во Турција во соработка со Tofaş R&D, во најголемите центрите за истражување и дизајнирање на FCA, каде се вработени повеќе од 2000 лица кои се дел од процесот на производство и развој повеќе од три години. Пробен тест период со поминати повеќе од 8,7 милиони километри на екстремни климатски и патни услови. Фабриката на Fiat- Tofaş во Bursa каде се произведуваат овие модели е добитник на златниот медал за World Class Manufacturing.

На пазарот во Македонија Tipo со 5 врати и караван се планираат да се комерцијализираат кон крајот на 2016 година.

160502_Fiat_Tipo-station-wagon_03

160502_Fiat_Tipo_02

160502_Fiat_Tipo-5-porte_01_slider3

160502_Fiat_Tipo-5-porte_04

160502_Fiat_Tipo-interni_03

160502_Fiat_Tipo-station-wagon_02

Ви треба информација? Разговарајте со нас