Оваа недела, новиот модел Fiat Tipo се претставува во Битола.
Fiat Македонија уште од денес ги поканува сите заинтересирани да го тестираат новиот седан во салонот на ул. Воден бр.15 во Битола. Во сабота, 16ти април, Tipo ќе биде уште поблиску до битолчани со своја промоција на Широк сокак .
Новото Fiat Tipo е добитникот на наградата Auto Best за најдобар Best Buy автомобил во Европа за 2016. Неговите карактеристики се специфичен стил, максимална функционалност и одличниот сооднос на внатрешниот простор на располагање за патниците и за багажот. Резултатот е практичен автомобил кој нуди “најголема вредност за пари” – клучен елемент кај функционалното семејство во стратегијата на Fiat – со атрактивна, едноставна и транспарентна понуда на опрема и цена за 11,990 Евра се фокусира на она што клиентите го сметаат за најрелевантно.