Fiat Panda Easy Hybrid, најдемократскиот Mild Hybrid на пазарот во Италија
Потрошувачката и емисијата на СО2 се намалени за 20%, а тука се и олеснувањата од данок и движење во станбени области резервирани за хибридни возила, според локалните регулативи.
Новиот 3-цилиндричен мотор со Mild Hybrid технологија од семејството 70 HP Firefly е комбиниран со електричен систем од 3,6 kW BSG (Belt Integrated Starter Generator) и 11 Ah литиумска батерија.
Panda, автомобилот кој најмногу го сакаат Италијанците, денес повеќе од кога и да е, е симбол на „Made in Italy“.
Новата Panda Easy Hybrid, опремена со технологијата Mild Hybrid, го прави своето деби на пазарот во Италија со верзиите на Panda City Cross, проширувајќи ја гамата на мотори и на моделот со најурбан изглед на автомобилот кој Италијанците најмногу го сакаат, така што ја прави Fiat Panda Mild Hybrid најпристапениот хибрид на пазарот. Меѓудругото, новиот модел ги обезбедува сите предности на ефикасен, компактен, лесен и достапен хибриден мотор. Накратко, најдобро решение за градски автомобил, во согласност со пристапот на Fiat, кој во своите 120 години историја, отсекогаш бил пионер во технологијата и иноватор во подвижноста, а сега уште повеќе одржлив. Новитетот продолжува по пат на електрификација, започната во февруари со лансирањето на Panda Hybrid Launch Edition, ексклузивната специјална серија лансирана истовремено со Fiat 500 Hybrid, која потоа продолжи во март со презентација на Новиот Fiat 500.
Panda и Fiat 500 се двата иконски и комплементарни модели на марката „Fiat“, заедно одговараат на која било од потребите на нивните клиенти, а заедно доведоа до деби – за прв пат во сегментот „мали градски автомобили “ на FCA – ја воведоа новата технологија Mild Hybrid, со што предизвикаа револуција во градскиот сообраќај – благодарение на нивната недопирлива позиција на врвот на продажбата во референтниот сегмент – новиот репер во Европа за електрифицирана урбана мобилност.
Новиот Mild Hybrid мотор
Panda Hybrid е опременa со новиот Mild Hybrid бензински мотор кој го комбинира новиот 1-литарски 3-цилиндричен мотор на семејството Firefly, 70 КС (51,5 kW), со електричен мотор BSG (Belt Integrated Starter Generator) кој овозможува да се надомести енергија за време на сопирањето и успорувањето, и да се зачува во литиумска батерија со капацитет од 11 Ah и да се користи, со максимална моќност од 3,6 kW, да се рестартира термичкиот мотор по запирање на движењето и да му помогне при забрзување.
Во однос на моторот Fire 69 КС 1.2, моторот Mild Hybrid на Panda Easy Hybrid овозможува намалување на потрошувачката на гориво и емисија на CO2, до 20%, гарантирајќи ги истите перформанси, а исто така гарантира многу висока удобност при возењето, бидејќи BSG системот дозволува да се рестартира, тивко и без вибрации, термичкиот мотор во фазите на запирање и рестартирање на истиот. За менувач, избран е нов 6-степен менувач, дизајниран да го оптимизира опсегот на употреба на моторот. Конечно, новата Panda Easy Hybrid му ги нуди на клиентот сите предности на хомологацијата како хибридно возило – која е во согласност со последната регулатива Euro 6D – и обезбедува, според локалните регулативи, отстапки како што се: слобода на пристап и движење во градските центри, намалување трошоците за паркирање во центарот и даночни олеснувања, според локалните регулативи.
Стил прилагоден на метропола во корист на максимална функционалност
Panda Easy Hybrid на задната врата го носи логото “Hybrid”, се карактеризира со нејзиниот градси дух што ја прави функционален автомобил за низ град, многу компактен однадвор, но кој однатре може да се пофали со дарежлив простор и извонредна модуларност на истиот, благодарение на бројните прегради за складирање на предмети и различните конфигурации на предните и задните седишта. И ако меките и заоблени линии на силуетата будат насмевка кај оние кои секојдневно се соочуваат со урбани контексти и мали простори за паркирање, во исто време клиентот може да смета на голем и модуларен простор за патниците, кој може да задоволи кој било вид патување или превоз.
Успешен модел за „луѓето на Panda“
Panda е најпродаваниот автомобил во Италија веќе 8 години по ред и е, заедно со Fiat 500, лидер во сегментот „Градски автомобили“ во Европа. Покрај тоа, оваа година Panda слави 40 години од постоењето, претставувајќи низ сите три генерации единствен и неконвенционален начин на доживување на секојдневниот однос кон автомобилот. Меѓу тајните на нејзината популарност спаѓаат: компактните надворешни димензии, големиот внатрешен простор што може да се конфигурира за секоја транспортна потреба и широкиот избор на мотори; Panda е всушност единствената на целиот пазар што може да се пофали со понуда на мотори како што се: бензински 4×2, бензински 4×4, хибриден, на метан и на Gpl (ТНГ). Вкупно, преку 7,8 милиони клиенти беа освоени од едноставноста и симпатичноста на моделот, вистински збир на вредностите на марката Fiat. И денес пристигнува Panda Easy Hybrid, подготвена да ја продолжи револуцијата во градската мобилноста, прилагодувајќи се на новите потреби на “луѓето на Panda”, глобална заедница која гледа кон иднината со зголемено почитување на околината.