Fiat Panda Cross победник во кросовер категоријата на престижните “4×4 of the Year 2019 awards”

Fiat Panda Cross победник во кросовер категоријата на престижните “4×4 of the Year 2019 awards”

Големо признание од страна на магазинот “4X4“ за групацијата Fiat Chrysler Automobiles. На доделувањето на британските угледни награди “4×4 of the Year 2019 awards” за најзаслужни 4х4 возила, со награда се здоби возилато Fiat Panda Cross.

Специjален состав на судии, експерти за возење по тешки терени имаа тешка задача да одлучат помеѓу способните off-road возила кои се појавија на пазарот изминатава година. Сепак, меѓу конкурентите видно се истакна моделот на Fiat Panda Cross.

Во кросовер категоријата, втора година по ред наградата е доделена на неверојатната Fiat Panda Cross. Покрај тешката конкуренција, судиите го пофалија токму овој кросовер за неговите мотори, off-road способностите и задоволството во возењето. Ова е само дел од долгата листа на достигнувања на Fiat Panda, вклучувајќи го и тоа што е првиот градски автомобил со 4WD технологија, првиот градски автомобил кој се искачи на надморска височина од 5.200 метри и кој стигнал до базниот камп на Еверест, како и првиот градски автомобил со природен гас во сериско производство.

Ви треба информација? Разговарајте со нас