Fiat Panda Cross избрана за најдобар кросовер на годината од страна на англиското списание “4×4”

Fiat Panda Cross избрана за најдобар кросовер на годината од страна на англиското списание “4×4”

  • Четврта година по ред, Panda Cross е избрана “За најдобар Crossover” од страна на англиското списание “4×4”.
  • Наградата доаѓа од комисија составена од експерти за возила 4×4 за нејзините теренски способности, уживање во возењето и моторите со кои е опремена.
  • Panda веќе осум години по ред е лидер, заедно со нејзиниот “близок сродник”, 500, во сегментот на градски автомобили во Европа.

Во текот на 2020, во годината на нејзиниот 40-ти роденден, Panda во Европа оствари најдобар пораст во својот сегмент (+3.8%) и има најдобро учество на пазарот во совојата историја (18%).

“Со големо задоволство ја примаме оваа награда која крунисува една тешка, но година за паметење за нашата Panda. Покрај одбележувањeто на нејзиниот 40-ти роденден, 2020 беше и исклучително богата година: ја лансиравме верзијата на Panda Hybrid, целосно ја подновивме гамата и достигнавме најдобро учество на пазарот во досегашната историја”, изјави Лука Наполитано, главниот на EMEA Fiat, Lancia и Abarth.

Веќе  четврта година по ред, Panda Cross ја освојува наградата за “Најдобар Кросвер” која ја доделува англиското списание “4×4” на традиционална церемонија за 4×4 Awards, надминувајќи ги своите значајни конкурентиво сектор со постојан раст. Судиите ги оценуваа теренските способности, уживањето во возењето и моторите со кои е опремена.

Алан Кид, директорот на спосанието “4×4”, прокоментира: “Panda Cross продолжува да триумфира на нашите 4×4 Awards, иако се соочува со многу остра конкуренција, во која иконата на производителот Fiat владее кога станува збор за теренските способности, перформансите на пат и впечатливиот изглед. За луѓето кои живеат на планина каде зимите се остри, значајно е што имаат можност да набават ваков автомобил, бидејќи теренското возење е дел од нивните секојдневни маршрути и стил на живот. Panda, благодарение на компактните димензии, нуди извонредна погонска сила и неверојатна леснотија на управувањето. Panda Cross е совршен градски автомобил, подготвен да се претвори во теренска хероина додека да трепнеш”.

4X4 Magazine е единственото англиско списание наменето за 4×4 и пик-ап возила, и неговата Награда „4×4 на годината“ е референца во секторот веќе цели 25 години. Група на специјалисти за 4×4 ја оценуваат целата гама на возила кои ја составуваат оваа класа, имајќи го предвид секој тип на параметар: од комфорот до квалитетот, од теренските перформанси до цената и трошоците за одржувае.

Оваа извонредна победа се придодава на долгата листа први награди на Fiat Panda, меѓу кои вреди да се истакнат, таа е прв автомобил од овој сегмент кој ја освоил наградата “Car of The Year” во 2004, прв градски автомобил кој се искачил на висина од 5.200 метри и стигна до базата на Еверест и прв градски автомобил кој располага со технологијата 4WD.

Ви треба информација? Разговарајте со нас