Fiat Nuova 500, првиот целосно електричен автомобил на ФКА (Фиат Крајслер Автомобили), ја освои наградата „Red Dot Award 2020”, едно од една од најпосакуваните признанија во светот, посветени на индустрискиот дизајн, во категоријата „Design Concept”. Сега, новиот електричен градски автомобил на Фиат е спремен да направи револуција во светот на мобилноста со својот единствен стил исполнет со италијанизам, долчевитизам, технологија и иновации.
Церемонијата на доделување на наградите „Red Dot Award 2020“ се одржа на Интернет. Fiat Nuova 500 беше награден во категоријата Концепт за дизајн, една од трите категории на „ Red Dot Award 2020 “. Оваа награда ја додели Меѓународно жири, составено од 21 член, професионалци и професори по дизајн, меѓу најзначајните во светот. Новиот градски автомобил Fiat беше награден за одличниот и уникатен дизајн, кој се разликува од неговите конкуренти. Во 2019 година истата награда ја доби концептот Fiat Centoventi. Оливие Франсоа, претседател на Фиат Бренд Глобал, коментира: „Победата на „ Red Dot Award“ ме прави многу горд, бидејќи 500-та отсекогаш била во чекор со времето и промените кога се менуваат социјалните потреби. Ова беше случај и со третата генерација на Fiat 500, која одговори на новите потреби за мобилност. Fiat Nuova 500 е замислен, дизајниран, проектиран и конструиран во Италија, со автентичност на работите кои се создаваат дома и со љубов. Уште од самиот почеток, брендот Fiat ја внесе целата своја позитивна енергија и креативност која ја содржи во себе во проектот Nuova 500. Ваквата целосно италијанска креативност започна од иконата која владее веќе 63 и реди успеси зад себе и создаде целосно нов автомобил, целосно електричен, технолошки и поврзан, но и понатаму 500: убав, харизматичен и способен да инспирира промени за стане предмет на желба за мобилност со нула емисии, во духот на Долчевита».
Предмет на желба во полн стил 500. Во време кога од мобилноста се бара да биде поодржлива, поврзана и поавтономна, со сè построги регулативи, Fiat 500 повторно влегува во игра со својата трета генерација, носејќи ги со себе дизајнот и уживањето во возењето: ова не е едноставна револуција, туку „повторна инкарнација“ на духот, оној што може да инспирира обновување. За вистинска револуција, всушност, законите и прописите не се доволни, потребно е нешто иконско и убаво: Новиот Fiat 500.
Како што вели Клаус Бусе, директор на FCA Design EMEA: „Со Fiat Nuova 500 сакавме да дизајнираме електричен автомобил со душа, каде што главниот јунак на дизајнот беше италијанскиот пристап кон стилот и чувството што може да се достигне во скулпторската тенденција на Nuova 500, во неговите „очи“, односно предните светла и во неговата внатрешност. Сакавме да создадеме уникатен производ, што е израз на италијанскиот дух, за тоа колку Италија како нација и Фиат како бренд се способни да го создадат денес. Добивањето на „Red Dot Award“ е голема чест за целиот тим кој работеше на проектот Nuova 500 ».
Наградата „Red Dot Design Award“ е воспоставена во 1955 година и со текот на времето стана една од најпрестижните награди во светот наменета на индустрискиот дизајн. Организирана во три макро-категории (Product Design, Communication Design и Concept Design), „Red Dot Design Award” “ е наменета за сите оние производители кои посветуваат особено внимание на дизајнот. Меѓународното жири, вклучувајќи ги тука и независните дизајнери, професори и новинари, оценуваат проекти врз основа на критериуми како што се иновација, формален квалитет, функционалност и одржливост. Годинава беа примени над 4.100 апликации од 52 земји, а наградени се 187 проекти.