Fiat Concept Centoventi ја доби Специјалната награда од жирито на “Trophées Argus 2020”
Oливиер Франсоа, претседателот на Fiat Brand Global, ја прими Специјалната награда од жиритто на престижното француско списание “L’Argus” доделена за Fiat Concept Centoventi, визијата на Фиат за електрична мобилност на населението во иднината
Во Париз на посебна церемонија по 27-и пат беа доделени наградите на “Trophées Argus” на престижното француско списание L’Argus. Оваа година, жирито, составено од 18 судии меѓу кои новинари и експерти за технологијтата и остаточната вредност, оценуваше 60 модели, поделени во 11 категории меѓу кои и Fiat Concept Centoventi кој се закити со најпосакуваната “Специјална награда на Жирито”.
“Горд сум како Французин и Глобален претседател на Fiat, да ја примам оваа награда од еден од најпрестижните француски медиуми, а уште повеќе затоа што Специјалната награда на жирито е доделена на Fiat Concept Centoventi”. Изјави Оливие Франсоа, и продолжи: “Concept Centoventi е суштината на марката Fiat, која веќе 120 години е синоним за градски и семеен автомобил, и претставува најиновативно решение за градска електрична мобилност во иднина. Има социјална мисија затоа што е пристапен, затоа што е народен, затоа што создава и околу себе ги привлекува сите приврзаници, затоа што “комуницира” co надворешниот свет и затоа што е создаден за car sharing. Fiat Concept Centoventi претсавува ABC на автомобилите: “Affordable but cool” (Достапен, но извонреден.
Претставен за прв пат на Саемот во Женева 2019 и деновиве беше протагонист на CES 2020 во Лас Вегас, револуционерното возило го освои француското жири, кое на следниов начин го образложи својот избор: “Забавен, 100% електричен, Concept Centoventi ја издигнува персонализацијата до ниво на уметност: боите и материјалите може меѓусебно да се менуваат, совозачкото седиште да се замени со детско или со транспортер за домашни миленици, и поседува шал табла со отвори за фиксирање на додатоци печатени во 3D. И згора на тоа има и модуларна автономија која оди од 100 до 500 km, преку индиидуалните „пакети“, секој од по 100 km кои може самиот клиент да си ги купи. Ваквиот аспект потсетува на подновената Panda која го заведе жирито на Trophées l’Argus, кое со нетрпение исчекува да го види концептот во производство”.