Fiat Concept Centoventi прогласена за “Најдобар концепт автомобил 2019” од страна на Design News
Fiat Concept Centoventi ја освои наградата на Car Design Award, во категоријата “Концепт автомобил”.
Според интернационалното жири, револуционерниот автомобил “се издвојува по иновативниот модуларен концепт и по извонредната примена на бои и материјали”.
Жирито на Car Design News (CDN) е составено од 18 директори на Стилските центри на истакнатаи автомобилски куќи на светско ниво.
Во палетата на награди Concept Centoventi ги поседува “Red Dot Award 2019” и специјалната награда на жирито на “Trophées Argus 2020”.
Беше одржана церемонија на доделување на наградите на Car Design Awards 2019, нововостановен годишен конкурс од сајтот Car Design News и на истиот во категоријата “Концепт автомобил” триумфираше Fiat Concept Centoventi. Според жирито, составено од 18 директори на стилските центри на исто толку реномирани светски автомобилски куќи, револуционерниот автомобил “се издвојува по иновативниот модуларен кои по извонредната примена на бои и материјали”.
Оливие Франсоа, претседател на Fiat Brand Global, прокоментира: «Освојувањето на оваа награда ме прави особено горд, а мислењето на интернационалното жири од највисоко ниво ја нагласува важноста на проектот Centoventi. Ова е визијата на Fiat во електричната мобилноство блиска иднина, визија базирана на преку 120-годишната историја. Fiat Concept Centoventi е создаден како “бело платно” подготвено да биде “обоено” според вкусовите и потребите на клиентот: Centoventi всушност е осмислена да се надградува со максимална слобода и фантазија на бои, во конфигурација со внатрешноста, со кровот, со системот за забава и информирање во рамките на гарантирана автономија од модуларните батерии, извлекувајќи на ваков начин една од парадигмите на овој автомобил. Токму ова е една од силните страни на концептот: повеќе не треба да се чека при купување на нов автомобил, туку да се знае дека секој ден може да се “промени” негов ата конфигурација. Centoventi така го отелотворува концептот “less is more” (помалку е повеќе) на Fiat што значи да се тргне сè она што е премногу и сложено кај еден автомобил, препуштајќи му го изборот на клиентот и неговата фантазија и желба. Centoventi е суштински автомобил, и токму таа неговата страна, да биде екстремно слободен за персонализација го прави апсолутно “cool”».
За прв пат претставен на Саемот во Женева во 2019, Fiat Concept Centoventi се соочува со темата за електрична мобилност со иновативен модел за бизнис: тој е суштествен, значи го има најнеопходното и истовремено е комплетно подложен на персонализација, во кој и да е дел од циклусот на неговото постоење и во секој негов детаљ. Ќе се произведува во само една комбинација на каросеријата која, преку програмот “4U”, ќе може да се персонализира преку изборот помеѓу понудата на 4 кровови, 4 браници, 4 капаци на тркалата и 4 надворешни бои. Однатре, додатоците се разменуваат и се инсталираат на едноставен начин “plug and play” – од кластерот до џебовите за предмети, од седиштата до детските седишта – директно до клиентот. Надворешноста е обложена, браницитте може да се персонализираат и на располагање се различни типови на корв за да се смени со другво зависност од годишното време или од сопствените желби. Инаку, опсегот на автономијата е истотака модуларен: благодарение на иновативната архитектура на батериите која овозможува да се менува автономијата, според специфичните потреби, од 100 до 500 km, со што е совршен автомобил за градско возење исто колку и за поминување на викенд на планина или на езеро.
Клаус Бусе, директот на FCA Design EMEA заклучува: «успехот на Centoventi е резултат на извонредната соработка на дизајнерите од Стилскиот центар на Fiat и нашите инжењери во реализацијата на визијата на CEO на Марката. Да се добие оваа награда е неверојатна чест за целиот тим, особено затоа што се доделува од жири како што е ова на CDN, составено од шефовите за дизајн со интернационална слава, експерти-професионалци кои живеат во сегашноста, но ја вреднуваат низ погледот насочен кон иднината во чија изградба и самите учествуваат …».
Од 1999 Car Design News (CDN) е главен извор на проектанти на автомобили во целиот свет и доставува информации, совети и непроценливи продлабочувања на знаењата од студентите па сè до директорите за дизајн: секоја година сајтот на Car Design News се чита од страна на преку 500.000 поединечни корисници. Надлежноста на сајтот се состои во мрежата на потписници на написите и на аналитичари на секторот, од кои многумина придонесуваат во реализацијата на годишникот Car Design Review во кој се собрани тенденциите на дизајнот и на мобилноста, коментарите на експерите и предвидувањата за иднината на интернационалната заедница за авомобилски дизајн. Меѓу другото, прогласувањето на двајца победници на конкурсот, “Најдобар произведен автомобил” и “Најдобар концепт автомобил”, го означува почетокот на дистрибуцијата на годишникот Car Design Review кој се испраќа на 1.200 личности од светот на автомобилскиот дизајн.