• На страницата www.500foreveryoung.fiatpress.com втората средба од веб серијата посветена на иконата на Fiat која годинава прославува 60 години историја и големи успеси.
• Фотографии, видеа и документи од “Swinging London” за да се доживеат ’60 кога малиот-голем автомобил ги премина границите на Италија за да се докаже на сите четири страни на светот.
• На возбудливото мултимедијално патување се враќа на едно пошироко поле на комуникација каде го прославува долгиот пат кој го доведе до местото на светска икона која се продаде во речиси шест милиони примероци.
На страницата www.500foreveryoung.fiatpress.com на втората средба од веб серијата стапува на сцена иконата верна на самата себе Fiat 500, која го прославува 60иот роденден, но постојано актуелна. Откако тргна од Торино – на првата средба беше репродуцирано студиото на Данте Џакоза, каде е создаден – денес “малиот” Fiat како доаѓа во Лондон во ’60, поточно во Циркузот Пикадили.
Возбудливото мултимедијално патување се враќа на пошироко поле на комуникација кое опфаќа интернет, радио и ТВ како и серија на иницијативи меѓу кои и обиколка на најубавите плоштави во Европа каде ќе ги сретнеме вљубениците и колекционерите на Fiat 500, од денешницата и од минатото. Производот е историја, уметност и обичај: Fiat 500 помина долг пат од 1957 до денес, вршејќи влијание врз модата, општеството и навиките, станувајќи автентична икона со продадени речиси шест милиони примеорци до денес.
Да се вратиме во Лондон во ’60, годините обележани со “Swinging London”, кога Пикадили Циркузот беше место на настанот на новите општествени, музички и уметнички тенденции каде можеше да се сретнат и некои од најпознатите лица на времето: од Џон Ленон и Пол Макартни до Шон Конери и Џорџи Бест, Џон Озборн до Харолд Пинтер.
Токму познатиот лондонски плоштад е репродуциран на втората средба. Во центарот, Fiat 500 од 1965, пламено црвен, опкружен со споменици, продавници, средства за транспорт, весници и светлечки реклами: секое од нив е hotspot што овозможува да се пристапи до текстовите и видеата кои раскажуваат фрагментиод годините кога Fiat 500 започна да се докажува насекаде во светот, дури до Тахити. Тоа го покажува фотографијата, снимена во 1962, во истиот период и место каде една друга икона, Марлон Брандо, го снимаше филмот, Побуна на бродот Баунти.
Секако исто толку познати се уште две легенди на светскиот филм, кои ги среќаваме на страницата на две сугестивни слики: станува збор за прекрасната Софија лорен, со Оскар во 1962 за Чочара и режисерот Микеланџело Антониони кој во 1966 реши да раскаже за Swinging London сместувајќи токму во англискиот главен град дејството на едно од неговите ремек дела “Blow-Up”, добитник на Златната палма на Канскиот Фестивал. И меѓу филмските ѕвезди уште една го губи паметот по Fiat 500: Џек Лемон. Американскиот актер од “Аванти” на Били Вајлдер, од 1972 со дејство на Искја, “се вљубува” во неговата “партнеркa” од филмот, очигледно Fiat 500.
Мултимедијалното патување продолжува на почетната страница до историскиот Fiat 500, единствената црвена телефонска кабина од Лондон, и самата икона влезена во имагинарниот свет, која претставвуа забрзување на телекомуникациите од тој период. На пример, телефонот, од предмет на елитата, се вдомува во речиси сите домови и од 1970 сите повици, дури и оние со меѓународен префикс стануваат полесни, бидејќи не треба да поминуваат преку централата. Доволно е да се помине со маусот преку светлечкиот натпис за да се открие како рекламните објави од тој период достигнале глобални димензии и имале моќ да ги задоволат потребите на мултинационалните новини.
Продолжувајќи со навигацијата откриваме еден магазин за плочи каде, од прозорецот се гледа еден телевизор, тогашна скорешна иновација која веднаш ги покажува своите огромни способности да ги надмине границите меѓу народите, како и да сведочи за тоа време, доволно е да помислиме на неверојатниот директен пренос од прото стапнување на месечината во 1969. Кога ќе кликнете на телевизорот може да погледнете две видеа од Историскиот Архив на Fiat прикажани на прожектор од ’60 и ’70. И не е тешко да се замисли Fiat 500 меѓу младите лондончани кои одат од Piccadilly Circus до Carnaby Street, слушајќи ги Битлси и Ролингстоунси.
Заштитниот знак на моторизираност на масата од ’60, Fiat 500 одлично се снаоѓа блиску до double decker, познатиот двоспратен автобус во црвена боја, кој заедно со премногу сложената мрежа на метрото и карактеристичните ретро такси овозможува да се ѕирне во секој агол од главниот град на Англија.
На горниот дел од појдовната страница се гледа еден Боинг како прелетува на необото: долу, помеѓу ’60 и ’70 е обележан златниот период на авионскиот транспорт. Токму со еден ваков авион четирите момчиња од Ливерпул на 7 февруари 1964, слетаа на аеродромот ЏФК во Њујорк, крстен по штотуку застреланиот претседател, со што и официјално започна Битлманијата. И неколку Fiat 500, фотографирани во истото време, очекуваат да бидат натоварени на пистата на аеродромот во Рим, Фиумичино, за да дојдат до далечните земји.
Денес, историската Fiat 500 е култен автомобил кај Англичаните, кои од секогаш биле големи колекционери и збудалени токму по него. Пример? Во 2015 аукциската куќа Сотби продаде еден прекрасен 500 од 1965 за 17.920 фунти стерлинзи, додека пак британската специјализирана страница Classic Driver предложи еден од 1959 зa 40.000 фунти: беше продаден за час. Бил реставриран и опремен од славниот Греам Хант, кој е всушност живо божество за класичните автомобили. И екс премиерот на Британија Дејвид Камерун поседувал еден Fiat 500 кој го продал за 23.000 евра. Причина? Купил друг.
Сè на сè 500 е многу повеќе од автомобил: во ’60 стана автентична ПОП икона. Симбол на италијанскиот стил на кој со децении не му поминува модата. Со текот на времето озвои многу вљубеници во убавото и оригиналноста. Да го обои секојдневието и патиштата ширум светот е неговата мисија, која 500 ја исполнува секојдневно уште од 1957: иконата на Fiat е вистинско ремек дело која ја оплеменува околината. Така е создадена глобалната икона која пред својот 60-и роденден ги освојува со безгрижност и страст младите насекаде во светот како оние кои и вдахнаа живот на Swinging London.
Fiat 500 е навистина Forever Young.
По Торино и Лондон, големиот-мал автомобил заминува на третата средба од веб-серијата, која на почетокот на секој месец ќе се најде во нов амбиент за да раскаже историски период од кој бил дел.
Историјата продолжува.