Fiat 3½ hp од 1899 ќе учествува на “London to Brighton Veteran Car Run”
На 3 ноември еден навистина редок Fiat 3½ hp од 1899 ќе учествува, како патрон, на престижната трка, со што ќе го прослави 120° роденден на италијанската марка.
Овој модел од 120 години е во можност да развие брзина од околу 34 km/h.
Fiat, една од најстарите и најпрестижни автомобилски куќи во светот е именувана за официјален спонзор на на трката “Bonhams London to Brighton Veteran Car Run 2019”, настан кој го организира Royal Automobile Club и е на програмата во недела, на 3 ноември.
Патронатот е резервиран исклучиво за најславните автомобилски куќи, чија историја започнува во пионерскиот период на епохата на автомобилите, пред 1905. Само иконските брендови имаат чест да учествуваат на најстариот автомобилски настан на светот. Меѓу другото, моделите на торинската куќа секогаш учествувале на настанот помеѓу преку 400 учесници на комеморативното годишно патување.
За значајниот англиски настан, на кој годинава ќе биде прославен и 120° роденден на Fiat, италијанската марка соработува со Националниот музеј на автомобили во Болие за да го врати на улица најстариот модел на Fiat кој се наоѓа на тлото на Велика Британија: Fiat 3½ hp од 1899. Станува збор за еден од ретките примероци кои постојат во светот од овој извонреден модел кој ќе се појави на годишната трка на автомобилите од времето “London to Brighton Veteran Car Run” и ќе помине 6 милји кои го делат Хајд парк во Лондон со Мадеира Драјв во Брајтон.
Fiat 3½ hp е во сопственост на FCA UK Ltd и е дел од постојаната изложба на National Motor Museum во Болие. Во автомобилот може удобно да се сместат двајца возрасни и две деца свртени кон возачот, во конфигурација едни спроти други. Со моторот со два цилиндри сместени хоризонтално, со зафатнина од 697 cm и менувач со три брзини (без брзина наназад), може да достигне максимална брзина од околу 34 km/h co потрошувачка од 15 km/l.