FIAT учествува на стотото издание на историската трка “Targa Florio”
На стото издание од познатата сицилајанска трка ќе учсетуваат марките Fiat, Alfa Romeo и Abarth, од кои последните две во својство на главни спонзори (Main Sponsor). Со ова се докажува посветеноста на FCA во светот на историските возила за настани кои ја промовираат спортската традиција на своите марки.
Од петти до осми мај во Сицилија ќе се одржи стотата автомобилска трка “Targa Florio”, најстара во светот: поттикната, финансирана и организирана од палермитанскиот магнат Винченцо Флорио со цел истакнување на “практичниот и правилниот критериум за вреднување и почитување на патнички автомобил “. Оваа трка се одржува од 1906 и тоа во различни форми. Организирана од AC Palermo, во соработка со Автомобилскиот клуб на Италија (Automobile Club d’Italia), оваа манифестација се состои од следните настани: Targa Florio Rally, Targa Florio Historic Rally, Targa Florio Classic и Targa Florio Historic Speed.
Fiat
Комплементарниот дел на компанијата FCA марката Fiat, ќе се претстави со моделот 124 Sport Spider (1970) на трката Targa Florio Classic. Комерцијализиран за за првпат во 1966 и редизајниран Fiat 124 лимузија во верзија Spider е спортски автомобил во кој лесно се вљубуваме особено поради дизајнот на Пининфарина.. 124 Spider се истакнува со петтостепен мануелен менувач и зафатнина од 1.438 cm 3 , како и дискови на сите четири сопирачки. Од 1966 до 1985 се произведени 200.000 примероци од кои три четвртини се извезени преку Атланскиот океан.
Новиот Fiat 124 Spider е создаден да ја воодушеви новата генерација со својот стил и перформанси. Опремен со одличниот турбо мотор со четири цилиндри од 1,4 литри со технологија MultiAir, моќност од 140 КС и максимален вртежен момент од 240 Nm на располагање е со шестостепен мануелен менувач.
На Targa Fiorio за првпат ќе се појават и новото Doblò од марката Fiat Professional, кои ќе бидат дел од колекцијата FCA Heritage. Историскиот термин – Наследство – ја симболизира вредноста на една историја која претставува културен дел од целата држава.
Abarth
На оваа престижна трка ќе учествува како главен спонзор (Main Sponsor), а може да се пофали со учество на трката со два модели: 1000 SP – Sport и 124 Rally во седумдесетите години.
Откако Targa Florio се трансформира од брзинска трка во rally трка, Abarth имаше неколку апсолутни успеси: две со Abarth 131 Rally, во 1979 со Адартико Вудафиери Adartico Vudafieri и во 1980 со Марио Пазети (Mario Pasetti); две со Fiat Punto Super 1600, во 2003 и во 2004 управуван од Паоло Андреучи (Paolo Andreucci), кој се истакна и со Abarth Grande Punto S2000 во 2006год.
Во согласност со нејзиниот сопствен историски идентитет, марката Abarth ќе го акцентира своето учество особено на Targa Florio во делот на Rally, Campionato Italiano Rally, и на Historic Rally Campionato Italiano Rally Autostoriche. Претставени ќе бидат три нови возила од марката на скорпијата: Abarth 124, Abarth 595 Competizione и Abarth 695 Biposto.
Трката од шести мај ќе има чест да ја отвори извонредниот Fiat 124 Abarth Rally Gr. 4 (1975), кој е дел од историската колекција а зад управувачот ќе бидат Верини/ Росети истите оние кои победија на Campionato Europeo Rally во 1975.
Fiat 124 Abarth Rally Gr. 4 ќе учествува и на Targa Florio Historic Speed во недела на 8 мај. На плоштадот во Верди посетителие ќе можат да го запознаат и да му се восхитуваат на новиот 124 spider. Со моторен погон на тркалата назад и со турбо мотор од 1.4 MultiAir четири цилиндри со 170 КС, со мануелен шестостепен менувач или пак со секвенционален автоматски шестостепен менувач Sportivo Esseesse со команди на воланот. Повеќе детали за нарачка на новиот Abarth 124 spider на www.abarth.it/prenota-124- spider).