Fiat и LEGO создадоа пресек на “Dolce Vita” каде главната улога ја има иконата Fiat 500

Fiat и LEGO создадоа пресек на “Dolce Vita” каде главната улога ја има иконата Fiat 500

Новиот сет беше претставен на просторот на МРФ- Мирафиори во Торино со еден спектакуларен примерок на Fiat 500, во размер 1:1, во кој се употребени 189.032 LEGO коцки.
Марките Fiat и LEGO создадоа нов сет “Fiat 500 LEGO Creator Expert” кој беше претставен на просторот МРФ-Мирафиори во Торино. «Во текот на неговата долга историја, Fiat 500 ја надмина оригиналната материјална појава за да навлезе во колективниот имагинарен свет, станувајќи икона на интернационално ниво. Тоа го покажа и преку изложениот примерок во Музејот на современа уметност во Њујорк – прокоментира Кристијано Фиорио, маркетинг директорот на FCA за регионот ЕМЕА. Меѓу останатото знаеме дека LEGO избира само производи кои претставуваат вистинска икона, како што е Fiat 500, кој не е само автомобил, туку претставува уметнички и културен феномен со силна симболичка вредност, како и израз на италијанската обоеност и игривост низ светот».
Партнерството помеѓу Fiat и LEGO навлегува во еден поширок проект во кој протагонист е групацијата FCA преку ексклузивната соработка на полето на лиценцирање со цел да се прошири видливоста на нејзините марки и надвор од светот на автомобилите, истакнувајќи ги притоа вредностите на секој бренд одделно. Тоа го покажува и новиот сет Fiat 500 LEGO Creator Expert кој прославува еден од напознатите симболи Made in Italy во светот, омаж на легендарната “Dolce Vita”. Инспириран од легендарниот Fiat 500F од крајот на шеесетите години на минатиот век, новиот сет се состои од 960 парчиња, во комплет со кров на отворање кој работи, детална внатрешност, багажник со резервно тркало, држач за багаж од позади и капак на моторот кој се отвора откако ќе се склопи моделот. Сетот содржи и држач, масичка и нацрт со Рмскиот Колосеум како основа за поставување на моделот.
Официјалното претставување на новиот сет Fiat 500 LEGO Creator Expert се одржа во МРФ-Мирафиори во Торино каде е изложен моделот во природна големина на иконата на Fiat составен од 189.032 коцки LEGO, за чие составување беа потребни 830 часа работа. После настанот, флота од преку 50 Fiat 500 од времето го придружуваше првиот Fiat 500 LEGO Creator Expert сè до продавницата на LEGO во Торино, на централната улица Рома.

Ви треба информација? Разговарајте со нас