Веќе се потврдува како голем успех: Fiat Tipo е меѓу петте финалисти на престижната награда AutoBest 2016

Веќе се потврдува како голем успех: Fiat Tipo е меѓу петте финалисти на престижната награда AutoBest 2016

Fiat Tipo/Aegea, Honda HR-V, Hyundai Tucson, Mazda CX-3 и Opel/Vauxhall Astra се номинирани за финалисти на европскиот AutoBest 2016. Овие пет автомобили ќе се натпреваруваат за новата награда Best Buy Car of Europe in 2016, односно автомобил со најдобар сооднос на цената и квалитетот во Европа за 2016 година. 26-те члена на жирито ќе ги направат своите финални проценки во следните неколку недели и ќе го дадат својот глас, а победникот ќе биде објавен на 15 декември.

На 25 и 26 ноември европското AutoBest жири ќе се собере на полигонот NAVAK во близината на Белград за тестирање за 5-те финалисти.

Жирито му ја додели ManBest 2015 награда на Оливие Франсоа за неговата извонредна кариера во Fiat, а подоцна и во Fiat Chrysler Automobiles. Во својство на главен маркетинг директор тој се покажа како еден од најкреативните раководители во индустријата, развивајќи нови маркетинг приоди. „Оливие е ‘крал’ на рекламирањето на двете страни на Атлантикот. Тој ги предводеше креативните тимови на марките на FCA во создавањето на најбараните видео клипови за време на рекордната повеќемилионска гледаност што американскиот Супер Боул ја обезбедува“, коментира Дан Варди, додавајќи: „Еднаш Серџо Маркјоне рече: Многу луѓе ми кажале дека сум луд. Знаеш што? Јас знам некој во компанијата што е уште полуд од мене! Тоа е Оливие!“

На прес-конференцијата одржана во пресрет на салонот IAA во Франкфурт, AutoBest објави дека се зголемува бројот на застапени земји од 15 на 26. Ова е нова фаза во рамките на стратегијата за ново ниво на пристап инаугурирана пред една година. Новите 11 членови на жирито се сите истакнати автори од областа на автомобилизмот чиј глас е почитуван во нивната земја и експерти за автомобилите кои се во можност целосно да ги проценат идните трендови. Тие ги претставуваат Австрија, Белгија, Франција, Ирска, Италија, Холандија, Норвешка, Португалија, Шпанија, Шведска и Велика Британија. AutoBest ја задржува истата филозофија само еден новинар да ја претставува својата земја, а сега најмалку 91% од населението во Европа е претставувано од страна членовите на жирито.

Организацијата AutoBest беше создадена во 2001 година, со револуционерен концепт на „best buy автомобил“ достапен на европскиот пазар. За да стане AutoBest победник автомобилот мора да претставува најдобра понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, снабденоста со резервни делови и разновидноста на понудата се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии се исто така важни критериуми. При одлучувањето за победникот AutoBest жирито користи транспарентен систем на гласање, со сложена шема од 13 критериуми.

Ви треба информација? Разговарајте со нас