За Ducato, херојот на куќата Fiat Professional продолжува долгата и непрекината серија на меѓународни награди: дванаесетти пат по ред ја освојува титулата „Најдобра основа за кампер“, најновата за 2019 година, надминувајќи ги останатите конкуренти. Престижното признание се доделува од страна на читателите на списанието “Promobil”, кое веќе 25 години претставува важен референтен ориентир во секторот за кампери.
Значајно признание со кое се потврдува довербата од клиентите во моделот Ducato чија основа е идеална за слободното време и се потврдува како уште еден извонреден италијански успех. Инаку, тоа е и единствена основа создадена наменски за надградба кампер во сектор кој е во постојан подем: во 2018 новорегистрираните возила забележаа пораст во однос на претходната година за преку 10%, што го потврдува фактот дека камперот е и понатаму “lifestyle enabler”, не само обично возило за одмор туку инструмент за слобода на движењето каде и да е, кога и да е..
Ducato се произведува во фабриката во Севел во Вал ди Сангро, најголемата фабрика за лесни комерцијални возила во Европа, која е со silver level World Class Manufacturing и покрива предел од 1.200.000 метри квадратни. Во 2018 Севел произведе 297.000 возила, воспоставувајќи – четврта година по ред – апсолутен рекорд во обемот на продажба и +46% во последните 6 години. Од 1981 па до денес, повеќе од 37 години искуство, неговите победнички карактеристики дополнително се подобрени за да го направат Ducato автентичен trendsetter произведен во преку 13.000 варијанти и е возило продавано во преку 80 земји во светот. Глобален модел и референца во категоријата. Основата за кампер на Ducato на Fiat Professional е проектирана и развиена заедно со значајни европоски производители на кампери, за да може да се предложат најдобрите решенија помеѓу основата и надградбата.