AUTOBEST 2016: FIAT TIPO крал на Европа

AUTOBEST 2016: FIAT TIPO крал на Европа

Во Милано, на спектакуларна церемонија беше доделена наградата за Најдобар автомобил 2016. Според жирито Фиат Типо е извонреден производ кој може да го задоволи просечниот европски клиент во поглед на дизајнот, моторите, докажаниот квалитет, комфорот, разновидноста на примена и одличниот сооднос квалитет/цена.

Во Милано, во Театарот Ветра, се одржа церемонијата на предавање на наградата Аутобест 2016 на новото Типо, последното новороденче на Фиат кој ја максимализира “value for money” (вредноста за цената), клучниот елемент во стратегијата на функционалното семејство Фиат. Сконцентрирано на она што клиентот го смета за важно, преку едноставна гама и транспарентна комерцијална понуда. Големите потенцијали на новиот модел се потврдени со преку 15.000 нарачки регистрирани за помалку од два месеци продажба.

Изборот на новото Фиат Типо го направи Интернационалното жири на Аутобест – независна организација создадена во 2001 – составено од 26 специјализирани новинари, во присуство на исто толку европски земји што вкупно одговара на 91% од континенталната популација, кое му додели 1.492 бода врз база на 13 различни параметри, меѓу кои дизајн, комфор, економичност на употреба, возност, цена, мрежа на асистенција, дистрибуција на резервни делови, разновидна намена и противвредност. Значи, за да се победи во рамките на она што го опфаќа наградата, автомобилот треба да даде најдобра понуда за најголемиот број клиенти во Европа.

Новото Фиат Типо се пласираше на првото место пред останатите четири финалисти – новата Опел Астра, новото Хјундаи Туксон, Хонда HR-V и Мазда CX-3 – донесувајќи му ја третата победа на Фиат, рекорд меѓу марките учеснички на Аутобест: прва беше Панда (2003), потоа Линеа (2008).

Церемонијата во Милано на Аутобест 2016 е прва по проширувањето на жирито со 11 нови членови, во присуство на Австрија, Белгија, Франција, Ирска, Италија, Холандија, Норвешка, Португалија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.

Ви треба информација? Разговарајте со нас