Abarth добива Guinness World Record™

Abarth добива  Guinness World Record™

Abarth постави Гинисов светски рекорд и доби признание Guinness World RecordsTM за најголемата дигитална средба воопшто остварена, благодарение на учеството на неговите фанови кои поставија 868 фотографии од сопствените автомобили на Фејсбук, во време од еден час.
Големата фамилија на Абартисти не престанува да ја покажува вообичаената топлина и во годината кога средбата Ден на Аbarth за прв пат се одржа на виртуелен начин: благодарение на одговорот на неговите фанови, Аbarth постави Гинисов светски рекорд, Guinness World RecordsTM. Светот на Аbarth се собра на интернет и оживеа спектакуларен настан во живо, кој стана најголем дигитален собир на светот: овој примат го доби името Дигитален ден на Аbarth. За да го добие престижниот сертификат беше потребен придонесот од сите фанови, кои во време од еден час, поставија фотографија од сопствениот автомобил на Фејсбук страницата отворена токму за оваа намена, во вкупен број од 868 фотографии, и на секоја од нив се огледа различниот стил сочинет од личните изрази на концептите за надградба, перформанса и персонализација на автомобилот.
На Дигиталниот ден на Аbarth учествуваше и Илениа Бакаро од радио-програмата “Tutto esaurito”(Потрошено до крај) од Радио 105 во улога на презентер во директниот стриминг, потоа диџеј Фабио Лиуци, исто така од Радио 105, како и дигиталниот креатор Ема Моторспорт, кој се вклучи во настанот и покажа една од сопствените перформанси директно од Сервисот Аbarth, при што им откри на гледачите ретки парчиња од колекцијата Аbarth.
Имаше тука и забава, во стилот на Аbarth: најдобриот начин да се почувствува марката блиску до својата публика. Заедницата Аbarth низ светот, продолжува да се шири: во моментов постојат 87 официјални клубови, во кои членуваат преку 5.000 лица – и уште многу кои се дел од заедницата “The Scorpionship” – активна веќе 4 години во зоната на земјите на EMEA со преку 139.000 членови, и во која се пристапува бесплатно преку интернет страницата scorpionship. Abarth.com.

Ви треба информација? Разговарајте со нас