Новото Fiat Tipo победи на престижниот “Autobest 2016″

Новото Fiat Tipo победи на престижниот “Autobest 2016″

  • Новиот модел на Fiat ја освои престижната награда Избран е од Интернационално жири составено од 26 специјализирани новинари од повеќе европски земји.
  • Co 1.492 бодови Fiat Tipo се наоѓа пред останатите четири финалисти: новата Opel Astra, новиот Hyundai Tucson, Honda CRV и Mazda CX-3.
  • Особено се цени вредноста на автомобилот за пари, клучен елемент во стратегијата на функционалното семејство Fia
  • Fiat е единствена марка која три пати ја освојува престижната титула: во 2003 co Panda, во 2008 co Linea и денес со Новото Fiat Tipo.
  • Името Tipo се користи на сите пазари во зоната EMEA, освен во Турција каде името на проектот “Fiat Ægea”, постигна таков успех, што беше сугерирано да го задржи истото име и за автомобилот.

Интернационалното жири на Autobest – независна организација создадена во 2001 – ја додели титулата “Autobest 2016″ на Новото Fiat Tipo потврдувајќи ги неговите вредности на функционален автомобил кој го максимализира “вредност за пари”, клучниот елемент во стратегијата на функционалното семејство Fiat, концентрирајќи се на сè она што се смета за важно, преку едноставната гама и транспарентната комерцијална понуда.

Го избра интернационално жири од 26 специјализирани новинари, претставници на повеќе европски земји кои севкупно одговараат на 91% од континенталната популација, која му додели 1.492 бодови врз основа на 13 различни параметри како што се дизајнот, комфорот, економичноста при употреба, возност, цена, мрежа за асистенција, дистрибуција на резервни делови, намена и противвредност. Значи за да победи, еден автомобил треба да оформи најдобра понуда за поголемиот дел од европската клиентела.

Оваа година Новото Fiat Tipo триумфираше и се најде на првото место, пред останатите четири финалисти: новата Opel Astra, новиот Hyundai Tucson, Honda CRV и Mazda CX-3. Според жирито Fiat Tipo е извонреден производ, co сите неопходни содржини за да го задоволи просечниот европски купувач: дизајн, мотори, очигледен квалитет, комфор, намена и одличен сооднос квалитет/цена.

Co извонредната победа на Новото Tipo, Fiat станува рекордер во бројот на освоени титули со три модели, од сите досегашни учесници на Autobest: прва беше Panda (2003), а потоа и Linea (2008). Средбата, на која ќе биде одржана церемонијата на доделување на наградата, прва, откако жирито беше проширено за 11 нови членови, е закажана за февруари, во Милано, во присуство на претставници од Австрија, Белгија, Франција, Ирска, Италија, Холандија, Норвешка, Португалија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.

Подетално, новиот автомобил ги спојува големиот капацитет за багаж (520 литри) co компактните димензии на лимузина долга 4,54 метри, широка 1,79 метри и висока 1,49 метри. Меѓуоскиното растојание е 2,64 метри и овозможува одлични карактеристики за внатрешниот амбиент. Сето тоа потврдено со италијанскиот стил како однадвор, така и однатре, што го прави единствен во сегментот.

За големата прецизност при возење, одличното држење на пат и најдобар можен комфор на патниците, новиот автомобил предлага доверлива шема на потпирање: предно, на независни тркала тип McPherson, задно на меѓусебно поврзани тркала со торзиона оска. Двете архитектури се подобрени во функција на намалување на тежината на тој начин придонесувајќи за ефикасност во однос на потрошувачките.

Со полн дух на Fiat, Новото Tipo поседува бројни генијални решенија кои го подобруваат престојот на возачот и на патниците. Тоа го покажува богатата сериска опрема и расположивоста на иновативниот систем Uconnect TM co екран на допир во боја од 5″, систем Bluetooth co гласовни команди, streaming аудио, читач на СМС и гласовно препознавање, приклучоци Aux и USB co вградување на iPod, команди на волан и, по барање, задна телекамера за паркирање и нов систем за навигација touch TomTom 3D.

На новата ливреја се истакнува името Tipo, типичен кој марката Fiat често го користеше во својата вековна историја. Помеѓу автомобилите кои треба да се истакнат е и успешниот модел со истото име, кој од 1988 до 1995, се произведе во речиси два милиони примероци и беше награден со титулата “Автомобил на годината 1989″ благодарение и на намената и на широкиот внатрешен простор во однос на надворешните димензии. Истите победнички карактеритики ги среќаваме кај Новото Tipo, конкретен и функционален модел, кој почитувајќи ја во потполност традицијата на Fiat, обезбедува подобар сооднос на опремата и цената, односно реалната вредност на индустрискиот производ.

Новото Fiat Tipo е дизајниран во Центарот за дизајн на Fiat, развиен во Турција заедно со Tofaş R&D, еден од големите истражувачки и центри за развој на FCA, а се произведува во фабриката Tofaş во Бурса, еден од најдобрите индустриски автомобилски центри во светот, потврдено и со Златниот медал според оценката на World Class Manufacturing.

               

Торино 15 декември 2015

Ви треба информација? Разговарајте со нас