70 години историја и успеси, среќен роденден Abarth!
• На 31 март 1949 Карло Абарт (1908 – 1979) ја основа фирмата Abarth & C., и со тоа ѝ вдахна живот на автентична легенда за стил и перформанси, свртена кон автомобили за рекорди, револуционерни китови за преработка и легендарни трки.
• 10 светски рекорди, 133 интернационални рекорди, повеќе од 10.000 победи на писта, историја на успеси кои овозможија да се тестираат, во најстроги услови, технолошките решенија кои потоа се прифатени во сериското производство.
• Abarth го прославува својот роденден со новата гама “70-ти роденден” која однадвор се карактеризира со специфичното лого кое ги прави единствени и ексклузивни возилата кои ќе се регистрираат во 2019 година.
Марката Abarth наполни 70 години, пресвртница во моторспортот и безброен рекорд на марката Made in Italy која има моќ да влезе во соништата на фановите насекаде во светот. Ете зошто да се прославува роденденот не значи само да се потсетува на бесценетото човечко, спортско и технолошко наследство, туку и да се засили нераскинливата врска која ги спојува различните генерации на клиенти, секогаш со филозијата на основачот: максимални перформанси, филингранска обработка и постојано техничко напредување.
«Да се раскажат етапите на искачувањето кон врвот на марката Abarth овозможува да се откријат автомобили за рекорди, револуционерни китови за преработка и легендарни трки кои го означија технолошкиот прогрес и спортските настани – објаснува Лука Наполитано, Директор на EMEA Fiat and Abarth brand –. Сето тоа припаѓа на историјата и на сегашноста на Abarth – заедно со работата и гордоста на луѓето кои работат во фабриките, во канцелариите и на тркачките патеки – но, со една особеност повеќе: покрај спортски триумфи, за инжењерите и работниците на Шкорпијата Scorpione, трките претставуваат строг тест, во најнеповолни услови, на најиновативните технолошки решенија, за потоа да се префрлат на сериските автомобили Abarth. Само на овој начин е можно да се достигне максимумот во смисла на перформанси, сигурност и доверливост и истото да се понуди на нашите клиенти».
Ова е една од тајните на виталност на маркатакоја продолжува да одушевува и тоа до толку што минатата година забележа рекордна продажба во Европа со скоро 23.500 новорегистрирани возила и пораст од 36,5 проценти во однос на 2017. Резултатите се извонредно поволни на некои од пазарите: на пример во Велика Британија Abarth забележа национален рекорд со повеќе од 5.600 продадени возила и пораст од 27% додека пак во Шпанија продаде 1.450 возила и е забележа пораст од 27%. Инаку, во Европа, вљубениците во марката се зголемуваат со извонредно брз ритам, како што тоа го покажува бројката од речиси 110.000 фанови, запишани на community Scorpionship на Abarth.
Значи, се слават првите 70 години на Abarth, пат кон корените на еден мит, единствен начин да се разбере како се раѓа и како се формира оваа неограничена персоналност на патиштата која веднаш се издвојува по Шкорпијата и сè што тоа лого со себе носи, од останатите автомобили со кои се пресретнуваме.