365 Panda за добредојде на Panda Waze и веднаш рекорд
На 24 јуни се одржа, во Пандино, второто издание на “Panda во Пандино “, интернационален собир на учесници кои доаѓаат од цела Европа: од Германија до Белгија, од Шпанија до Италија, од Велика Британија до Австрија, односно од сите возрасти и националности има по една Panda за секого и за секој ден од годината, какви што беа и 365-те атомобили на самиот настан, рекорд кој го прави најмасовен собир на светот на Panda.
Почесен гостин на второто издание е новата Panda Waze, најприфатена Panda досега, која се најде на идеалната сцена во духот на самата манифестација: идејата за ваквото собирање настана речиси, на шега, во 2017 кога една девојка од Пуља создаде настан на Фејсбук пројавувајќи желба за да се одвезе со својата “Пандичка” токму во ломбардиската месност Пандино. И како што тоа обично бива, збор по збор, на социјалните канали се случи останатото. На 18 јуни 2017, беше одржана првата средба на која се најдоа преку 200 примероци на Fiat Panda, од минатото и сегашноста, кои дојдоа од цела Италија.
Извонреден успех за моделот кој се појави во 1980, претставена на единствен начин низ секојдневието на автомобилите: непосреден и срдечен. Доволно е само да се помисли дека моделот надмина бројка на произвоство од 7,5 милиони примероци од лансирањето на првата Panda до денес. Некои од нив кои гордо учествуваа на настанот беа прогласени за специјални и добија по една од 11-те признанија од страна на организаторот. Беа наградени од најбогато опремената до најстарата Panda, од таа што пристигна од најдалеку, до најестравагантната. Настанот “Panda во Пандино 2018” е организиран од страна на Советот на млади под патронат на општината Пандино, а средствата собрани на настанот ќе бидат наменети за семејствата со лица со посебни потреби.
Инаку, Panda беше избрана за автомобил на годината во 2003 и заедно со Fiat 500, и најпродаван градски автомобил во Европа.
Овој примат се потврди и во првиот квартал од 2018 каде, заедно со Fiat 500, е лидер во сегментот во Европа со учество на пазарот од 29,1%. Во Италија е апсолутен првак (co учество од 40%) исто како и во Грција, а на подиумот е во Шпанија, Португалија и Австрија