Фиат 500 Хибрид и Фиат Панда Хибрид, хибридот според Фиат

Фиат 500 Хибрид и Фиат Панда Хибрид, хибридот според Фиат

Фиат 500 и Фиат Панда, неприкосновените лидери на градските автомобили ќе бидат првите модели на Групацијата Фиат Крајслер Автомобили во сегментот на “малите градски автомобили”, кои ја применуваат новата хибриднатехнологија. Новите 500 и Панда Хибрид, во продажба од февруари 2020, уште еднаш ќе направат револуција во градската мобилност, правејќи го хибридот пристапен за сите, станувајќи нов репер во Европа за електричната градска мобилност.

Новите 500 и Панда Хибрид ги обезбедуваат сите предности на ефикасниот хибриден мотор кој е компактен, лесен и пристапен. Накратко, најдоброто решение за еден градски автомобил во склад со пристапот на Фиат кои низ своите 120 години историја отсекогаш бил пионер во технологијата и иноватор во мобилноста, која е сега уште поодржлива.

2020 бележи нова етапа во историјата на марката Фиат која со лансирањето на новите Фиат 500 и Панда Хибрид започнува приод кон електрификацијата на брендот кој ќе го произведува новиот Фиат 500 100% електричен токму во Торино, играјќи притоа фундаментална улога во рамките на стратегијата e-Mobility by FCA која во 2020 ќе овозможи гамата да предложи производи и услуги за да им понуди на клиентите комплетно искуство на одржлива мобилност.

Инаку, за прв пат во историјата на двата славни модели на марката Фиат, 500 и Панда ќе бидат претставени со единствена специјална серија: ексклузивната “Launch Edition”, на која дебитира новата моторизација Mild Hybrid нa безин која го прилагодува новиот 1 литарски мотор со 3 цилиндри од семејството Firefly, кој испорачува 70 КС (51 kW), со електричен мотор BSG (Belt integrated Starter Generator) од 12 волти и со литуимска батерија. Во однос на моторот 1.2 Fire со 69 КС, моторизацијата Mild Hybrid овозможува намалување на потрошувачката и со тоа на издувните гасови CO2, во просек за 20% и до 30% за Панда Cross, без да се намалат перформансите и притоа гарантира поголем комфор при возење бидејќи системот BSG обезбедува тивко стартување на термичкиот мотор без вибрации во фазата на запирање на моторот. Потоа, на клиентот муј нуди предности за хомологација на хибридно возило – како и почитување на нормативата Euro 6D Final – и обезбедува, според локалните норми удобности како што се лесен пристап и движење низ сообраќајот во градскиот метеж, намалување на трошоците за паркинг во центарот и фискални олеснувања.

Специјалната серија е препознатлива по ексклузивниот беџ во форма на “H”, формиран од две капки роса на централната рамка и – симболот на светлината на изгрејсонцето како симбол на новата ера во форма на роса – кој се инспирира од ексклузивната боја на каросерија “Verde Rugiada” – Зелена роса – како бја за двата автомобили во совршена ускладеност со темите на природата и на иновацијата. Инаку, логото Hybrid ќе го има на сите верзии опремени со хибриден мотор на задната врата. Во внатрешноста седиштата се верни на филозофијата на содржајноста на целиот проект и совршено се спојува како со технологијата Mild Hybrid на FCA, така и со иновативниот дух на иконите Фиат Панда и Фиат 500. Седиштата на Launch Edition делумно се изведени од, за прв пат во автомобилскиот свет, штоф “SEAQUAL® YARN” чија исткаеност е изведена со специјален материјал, сертифициран со SEAQUEL INITIATIVE, добиен од рециклирана пластика и тоа 10% од морско потекло и 90% од земјено потекло. За да се добие SEAQUEL® YARN потребно е најнапред да се издвои собраната пластика од морето од полиетилен терефталат, а потоа од неа да се направи конец од кој се ткае штофот. Во фаза на ткаењето, полиестерот од морско потекло се меша со останатите еколошки и природни конци кои се исто така рециклирани или обновени. Зелен процес кој се комплетира со боење и еколошки обработки кои се засноваат на заштеда на вода и енергија. Фиат соработува со SEAQUAL INITIATIVE и ги поддржува интервенциите за чистење на океаните и преземање мерки против загадувањето на морињата. Значи, двата нови автомобили Фиат 500 и Панда Хибрид Launch Edition ќе умеат да ги задоволат клиентите кои внимаваат на околината со нивната зелена изработка.

Фиат 500 и Панда двете икони на Фиат кои межусебно се надополнуваатпретставуваат европска градска мобилност со вкупно околу 400.000 продадени возила. Денес со воведувањето на хибридната технологија Mild Hybrid, 500 и Панда значително ќе придонесат за да се направи поодржлива градската мобилност.

500 и Панда Хибрид Launch Edition веќе можат да се нарачуваат во салоните на Фиат, а првите примероци ќе бидат испорачани кон крајот на месец јануари.

Како функционира технологијата Mild Hybrid на бензин од FCA
Новиот мотор Mild Hybrid на бензин кој го собрал сето славно наследство на Fire произведен во повеќе од 30 милиони примероци предвидува конфигурација од 1 литар на 3 цилиндри и создава 70 КС (51 kW) максимална моќност на 6.000 вртежи/минута и 92 Nm максимален вртежен момент на 3.500 вртежи/минута. Главата има два вентили по цииндар и единсвена брегаста осовина со постојан варијатор на фази (дистрибуцијата е преку ланец); структурата со компактна комора за согорување, всисните цевки “high-tumble” и EGR надворешниот вентил овозможуваат поставување на особено висок сооднос на компресија (12:1) што се претвора во висока термичка ефикасност. Основата на цилиндрите е развиена во соработка со Teksid и е изведена од алуминиумска легура пресувана под висок притисок co цевчести цилиндри, придонесува да се дистрибуира и да се намали времето на загревање и да се намали вкупната тежин а на моторот на само 77 кг. Инаку, максималниот дострел на ефикасноста се состои од намалување на триењето преку осовина која се одликува сооднос ôд/зазор еднаков на 1,24 и уште еден уред вратило-рачка со offset од 10 mm.

Системот BSG е монтиран директно на моторот и дејствува преку ланец на операции. Системот овозможува да се надомести енергијата во фаза на успорување, да се складира во литиумска батерија со капацитет од 11 Ah и истата да се искористи, co максимална моќност од 3.600 W, за да се стартува термичкиот мотор со стоп на движењето и да се асистира во фазата на забрзување.

Благодарение на оваа технологија, термичкиот мотор се гасне и во движење под 30 km/h, со едноставно избирање на позицијата лер на менувачот (на инструмент таблата се појавуваат информациите за хибридниот систем и сугерира кога тоа да се направи). Во начинот на возење “пловење” (“coasting”) литиумската батерија ги напојува сите потреби обезбедувајќи му на возачот комплетна контрола врз возилото.

Моторот Mild Hybrid на најновите верзии на Панда и 500 Хибрид Launch Edition е снабден со нов, развиен начин на рачна трансмисија со 6 брзии, C514 (трансверзален менувач, преден погон), кој содржи волти кои ја креваат управливоста и ја подобруваат ефикасноста, како што се новите лагери и заптивки со низок степен на триење, со употреба на специфичен лубрификант co висока ефикасност и нов сооднос на 6° брзина која придонесува за намалување на потрошувачката надвор од град. И комфорот е подобрен благодарение на подобрувањето на држачот на кутијата на менувачот. Конечно, новото решение предвидува спуштање на целата група на моторот за 45 mm, така, благодарение на понискиот центар на гравитација, се подобрува и држењето на пат на автомобилот.

Новото семејство FireFly е развиено од Групацијата Фиат Крајслер Автомобили co цел да се понуди гама на бензински мотори со помала работна зафатнина и со намалени потрошувачки кои претставуваат репер за гамата. Основната структура на новите мотори гарантира ефикасност, модуларност, забележително ниво на стандардизација на деловите и на поризводниот проццес, флексибилноста и подготовка за иднен равој.