Фиат 500 изложен на MoMA (Музејот на Современа уметност) во Њујорк на изложбата “The Value of Good Design” (Вредноста на добриот дизајн)

Фиат 500 изложен на MoMA (Музејот на Современа уметност) во Њујорк на изложбата “The Value of Good Design” (Вредноста на добриот дизајн)

  • Фиат 500 серија F официјално ќе ѝ биде претставен на јавноста од 10 февруари 2019, во рамките на изложбата “The Value of Good Designво Музејот на современа уметност во Њујорк (MoMA).
    По купувањето на Фиат 500 серија F од страна на MoMA во Њујорк, што се случи минатата година, 500 за прв пат ќе биде изложен во рамките на изложбата “The Value of Good Design” (Вредноста на добриот дизајн) која ќе се одржи од 10 февруари до 27 мај 2019 во славниот њурошки музеј. “The Value of Good Design” ја раскажува историјата на идустрискиот дизајн преку префинетата  колекција на  MoMA.

    «500 е икона на италијанскиот стил која никогаш не излегла од мода, во текот на неколку децении, ги

    освои срцата на многубројните фанови низ целиот свет, благодарение на меговите единствени одлики и истакната персоналност – објаснува Лука Наполитано, Директорот за ЕМЕА на Фиат и Абарт –  Уште од 1957, Фиат 500 знаеше да подарува допир на боја и насмевка во секојдневието на неговите клиенти во секој агол низ светот, станувајќи амбасадор на Бел паезе (Убавата земја) и потврдувајќи се како призната икона за дизајн и стил “made in Italy”».

    Фиат 500

    Моделот на изложбата во MoMA е 500 серија F, најпознатата верзија на 500, која се произведуваше во периодот од 1965 до 1972. Доколку се сметаат останатите верзии (Sport, D, L, R) од првата генерација, од 1957 до 1975 се произведени вкупно повеќе од четири милиони примероци. Особеност на овој автомбил се функционалните линии и употребата на интелигентни и економични материјали. Врз основа на концептот на овој автомобил се разви идејата дека квалитетниот дизајн треба да биде пристапен за сите. Развојот на доверливите и економични автомобили како што е Фиат 500, беше за моторизацијата на европскиот континент после војната. Преку дизајнот и неговата централизираност во италијанската историја од 50-ите години, Фиат 500 отелотворува многу типични црти на модернистичкиот дизајн од тоа време поврзувајќи се со темите кои ги обработуваат изложбите реализирани во MoMA.

    Овој единствен успех е веќе одбележан во 2007 година, од лансирањето на новата генерација. Денешниот Фиат 500, исто како и неговиот славен предок веднаш по појавувањето постигна огромен успех низ целиот свет и освои многубројни награди межу кои “Автомобил на годината” и “Златен компас”.

    “The Value of Good Design”

    Карактеризиран со присутноста во електричните апарати за домаќинство, сè до керамиката, стаклото, електронските делови, спортските додатоци, играчките и графиките “The Value of Good Design” (10 февруари – 27 мај, 2019) го проучува приближувањето на дизајнот до народот, тргнувајќи од иницијативите на Good Design на MoMA од крајот на 30-ите години па се до времето на 50-ите  притоа истакнувајќи ги современите производи со елегантен дизајн и добриот сооднос квалитет-цена покажувајќи го Фиат 500 како совршен пример од полето на автомобилите. Концептот Good Design се прошири и надвор од рамките на MoMA. Владите и на двата блока од времето на Студената војна го користеа како витален инструмент за социо-економска реконструкција и за технолошки прогрес во годините по Втората светска војна кога Фиат 500 за тоа беше извонреден пример.

Ви треба информација? Разговарајте со нас