Фабриката Стелантис во Тики, Полска прославува ново достигнување: два и пол милиони произведени Фиат 500
• Бројот на произведени автомобили 500 во Полска достигна два и пол милиони: тоа е рекорд на произведени автомобили од ист модел во фабриката Стелантис во Тики.
• Рекордниот примерок е верзија Mild Hybrid, односно е опремен со ефикасен хибиден мотор кој истовремено е и компактен и лесен. Во 2020 Фиат 500 Hybrid, заедно со хибридните верзии на Панда и Ланча Ypsilon, достигна вкупно 110 илјади продадени автомобили во Европа освојувајќи го првото место во продажбата на мали градски хибридни автомобили.
Автомобилот број “2.500.000” на моделот 500 е произведен денес во фабриката Стелантис во Тики (Полска). Рекордниот примерок нарачан од купувач во Франција е 500 Hybrid опремен со хибриден мотор со 70 КC: примерок со ефикасна хибридна моќност, компатктен и лесен којшто подарува забавно и удобно доживување, како и намалување на потрошувачките и издувните гасови.
Технологијата mild hybrid, пласирана во 2020 токму на 500, заедно со Панда претставуваше влегување на Фиат во електрифицираниот свет и за многу кратко време го внесе Фиат како неспорен репер во Европа за електрифицирана градска мобилност, правејќи го хибридот достапен за сите. Во 2020, Фиат 500 и Панда Hybrid, на кјои им се придодаде и Ланча Ypsilon, доведоа до бројка од 110 илјади продадени примероци, co микс на продажба за 500 и Панда над 50%. Од годината на лансирање до денес, трите модели се продадени во вкупно 155.000 примероци.
Преминувајќи го бројот од два и пол милиони произведени примероци, 500 го надмина и рекордот на полската фабрика за вкупниот број на произведени автомобили кои припаѓаат на истиот модел, пред втората генерација на Панда (2 милиони и 168 илјади примероци) и Фиат 126p (2 милиони и 166 илјади). Произведена во Полска од 2007 година, иконата на брендот Фиат започна и продолжува да ужива голема популарност на меѓународните пазари, достигнувајќи број на купувачи во над 100 земји во светот. Над 80% се продава надвор од Италија, што го прави 500 највисоко рангирано меѓународно возило на Фиат, како и амбасадор на еден производ од Италија. Главни пазари, покрај италијанскиот, се Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија, Белгија, Холандија, па дури и Јапонија. И не само тоа, дури се појави и на егзотични пазари како Кајманските Острови, Курасао, Свети Мартин, Сенегал или Гана.
Фиат 500 ја заврши 2020 година како европски лидер во сегментот на градски автомобили со значајно учество на пазарот од 17,7%. На тој начин 500 се изедначи со резултатот постигнат со моделот претходната година, истовремено зголемувајќи го своето учество во сегментот за 3 процентни поени. Овие рекордни резултати ја покажуваат континуираната популарност на моделот и неговата ценетост од страна на купувачот. Понатаму, тој е еден од најнаградуваните автомобили во светот, што го докажуваат повеќе од 60-те меѓународни трофеи доделени од почетокот на неговото производство, вклучувајќи ги тука и престижните „Car of the Year 2008“, „EuroCarBody 2007“, „Auto Europa 2008“, “World Car Design of the Year 2009”, “Golden Compass 2011” и “The Most Beautiful Car in the World”.
Од дебито на првата генерација во 1957 година, повеќе од 6,7 милиони Фиат 500 се продадени ширум светот, потврдувајќи дека иконата Фиат 500 е влезена во колективната фантазија на генерации возачи од различна возраст, вкус и националност. Тајната на успехот насекаде низ светот лежи во неговата постојана еволуција, останувајќи притоа верен на неговиот идентитет, како и преку бројните специјални серии што се реализираат последниве години. На крајот на краиштата, Фиат 500 отсекогаш бил „трендсетер“ кој можел да се интерпретира себеси врзувајќи се со иконски брендови – од мода до луксузни јахти, од уметност до светот на спортот – вдахнувајќи им живот на вистински уникатни верзии со кои се истражуваат необични територии за еден градски автомобил. Меѓу нив, се сеќаваме на фасцинантните изданија на Дизел, Гучи, GQ и Колеционе, поврзани со светот на модата; извонредните Riva и Абарт Rivale, во светот на луксузната наутика; оригиналниот Anniversario и 560, за да се прослави првиот модел од 1957 година; и, конечно, 500 Mirror и 120o Anniversario, на територијата на поврзувањето.