Стогодишнина од отворањето на Патеката во Монца: FIAT со посебна награда за победата на првата трка за Големата награда на Италија на оваа патека
Патеката во Монца полни 100 години, кои ги прослави на осумдесет и осмата трка за Големата награда на Италија што се одржа во неделата на 11 септември
Меѓу церемониите планирани за овој настан е и доделувањето посебна награда на марката FIAT, која на 10 септември 1922 година ја освои првата Голема награда на Италија на оваа патека, со легендарниот 6-цилиндричен FIAT 804 управуван од Пјетро Бордино.
За оваа прилика, Италијанската пошта издаде марка со која се прославува победата
Патеката во Монца наполни 100 години и е трета најстара патека во светот која сеуште се користи, и прва во Европа. За прославата на оваа годишнина, се изведе богата програма на настани што привлекоа над 300.000 посетители во текот на минатиот викенд: дополнително, општина Монца промовираше низа историски настани, вклучително и прослава на марките, автомобилите и мотоциклите, кои учествуваа на првото трка за Големата награда на Италија, одржана на патеката во Монца, пред токму сто години. На четири тркала, честа да го освои највисокото скалило на подиумот му припадна на FIAT, со 6-цилиндричниот модел 804 управуван од возачот Пјетро Бордино (10 септември 1922 година).
Опремен со мотор од 2.0, шестцилиндричен, во линија, со 95 КС во комбинација со рачен менувач со четири брзини, FIAT 804 можеше да достигне 170 km/h и беше многу тежок за возење поради малата тежина (650 kg). Сепак, Бордино успеа да ја скроти моќта на овој тркачки автомобил, чијшто мотор за трката беше зголемен на 112 КС, и оствари чиста победа над останатите конкуренти.
Оваа победа беше одбележана вечерта, во петокот 9 септември, на главниот плоштад во Монца, со церемонија на која Пјетро Марија Меда, потпретседател на Автомобилскиот Клуб Милано и претседател на EICMA, им додели комеморативна плакета на претставниците на Heritage.
За оваа прилика, беше издадена и поштенска марка од Италијанската пошта која репродуцира дело на англискиот дизајнер Мајкл Тарнер, прикажувајќи фаза од трката, каде што FIAТ 804 ја поминува целната линија пред исполнетите трибини.