Со пристигнувањето на есента, марката Fiat го лансира новиот 500 Collezione, нова специјална серија наменета за сезонава, со ексклузивни комбинации на бои и материјали.
Ги следи сезоните на модата, но никогаш не излегува од мода. И во овој детаљ е единствен, Fiat 500 денес ги облекува новите алишта и ја одржува автентичноста. По специјалната серија за пролетната сезона претставена на минатогодишниот Саем во Женева дебитира, всушост е апсолутно деби, новата специјална серија на Fiat 500 Collezione наменета за есенската сезона. Новата специјална серија Fiat 500, безвременскиот симбол на италијанската креативност и елеганција, продолжува да ги слави стилот и дизајнот, неговата исконска убавина и безгранична персоналност имаат моќ да подарат пријатна топлина и во најстудените месеци. Чувство кое се раѓа од пријатните бои на ентериерот и деталите кои знаат да ги осојат и најпребирливите љубители на посебна естетика. Современи клиенти кои сакаат да бидат постојано поврзани, кои во потполност ја доживуваат забавата, културата и урбаното живеење, ќе може да го нарачува новиот автомобил во сите продажни места на Fiat од 13 октомври.
Инаку, со спотот “Новиот 500 Collezione, styled by Uomo Vogue” е реализиран за лансирањето на автомобилот и во соработка со врвот на интернационалната машка мода, Fiat 500 и Uomo Vogue денес заеднички пишуваат ново поглавје во светот на модата и дизајнот, откако веќе ја испишаа историјата во сопствениот свет на дејствување.
Не е прв пат 500 да биде протагонист во светот на модата. Неговата единствена линија ја инспирираше фантазијата на многу уметници и стилисти кои го интерпретираа во поглед на елеганција, ексклузивност и спортски изглед создавајќи специјални серии кои ќе се паметат и покажувајќи дека кога еден автомобил се сака толку многу и со толкава страст на изненадувачки начин можат да се испревртат креативните светови помеѓу себе. Помеѓу многубројните специјални серии се паметат 500 by Diesel, која беше прва од долгиот низ серии и излезе пред точно десет години, потоа 500C by Gucci од 2011, 500 Riva од 2016 и 500-60иот роденден, посветени на шеесетте години од создавањето на иконата на куќата Fiat. И преку овие изданија Fiat 500 продолжи со својата револуција на полето на традиционалните правила на пазарот, покажувајќи како иако е мало возило, може да се искаже на различни начини кои водат кон заеднички успех. Денес, новиот 500 Collezione го следи моделот претставен пролетоска: и како што се случува со колекциите од најпрестижните модни куќи, и оваа верзија на 500 се појавува во две модни сезони.