Стелантис во Тики слави производство на 12.500.000 возила

Стелантис во Тики слави производство на 12.500.000 возила

Во фабриката на Стелантис во Тики, Полска крајот на септември беше одбележан со производството на 12.500.000-иот автомобил кој излезе од производната линија. Ексклузивниот рекорден автомобил е еден прекрасен двобоен Fiat 500 “Dolcevita”, опремен со авангарден хибриден мотор и ќе биде испорачан на купувач од Белгија.

Како што налага традицијата, вработените во фабриката во Тики ги одбележуваат автомобилот пред јубелејниот и тој веднаш по него. Автомобилот со број 12.499.999 беше една елегантна Ланча Ипсилон хибрид, која замина на италијанскиот пазар, додека пак оној со +1, број 12.500.001, е моќен спортски Abarth 695 Tributo 131 Rally наменет за Германија.

«Уриваме нови рекорди и сето тоа е благодарение на нашиот сакан Fiat 500. Благодарение на производството на овој модел нашата фабрика достигна импресивна бројка од 12,5 милиони автомобили – прокоментира Томаш Гебка, директор на фабриката на Стеланти во Тики – . Веќе долги години, Fiat 500 е еден од омилените автообили во Европа во сегментот на мали градски автомобили и горди сме што нашиот Fiat 500 доминира на листата на најпродавани во својот сегмент во Полска.»

Fiat 500 значајно придонесе за овој рекорд и претставува еден од најуспешните модели повеќе од 15 години. Во моментов, Fiat 500 е лидер во сегментот А во Франција, Германија, Шпанија, Обединетото Кралство и на 10 други европски пазари и е втор во Италија и Европа по Fiat Panda.

Во фабриката во Тики наскоро ќе започне и производството на најновиот  Jeep® Avenger, првиот комплетно електричен SUV Jeep и воопшто првото електрично возило произведено во Полска за мејнстрим пазарот.

 

Ви треба информација? Разговарајте со нас