Среќен роденден Abarth!

Среќен роденден Abarth!

На 31 март се прославува 72° роденден на марката Abarth, кој отсекогаш бил синоним за перформанси и стил.

Приказна проживеана од самата марка, секогаш во согласност со нејзините вредности, која еволуирала по патот што од реалистичната Скорпија од 1949 година пристигнала до сегашното лого Abarth што ја врамува иконската Скорпија.

Низ еволуцијата на марката Abarth беа постигнати над 10.000 победи, 10 светски рекорди, освоени се 4 светски рели шампионати, најзначајни јубилеи и секако еволуција на производот, до новата понуда од 2021 година, која штотуку беше лансирана.

На 31 март 1949 година, италијанско-австрискиот инженер Карло Abarth ја основал Abarth & C., марка што ќе ѝ вдахне живот на автентичната легенда за стил и перформанси, изразена преку рекордни автомобили, револуционерни комплети и незаборавни трки и чие лого, фамозната „Скорпија“ сега позната низ целиот свет, беше всушност хороскопскиот знак на основачот. Покрај тоа, Скорпијата совршено ја отелотвори филозофијата на новоформираниот тим специјализиран за „мали, но лути“ автомобили.

Историјата на Abarth и неговото лого се одвиваат преку спортски победи, кои се заредија уште на самиот почеток. Првата, во 1950 година, победа во категоријата на познатиот хронометар „Палермо-Монте Пелегрино“ со еден „извесен“ Тацио Нуволари, „летечкиот од Мантова“ зад воланот на Abarth 204А. Токму врз основа на првите победи, Карло Abarth во 1954 година одлучи да го збогати логото со воведување на двобоен штит, амблем на победите во „спортските битки“, што служеше како позадина за Скорпијата.

Во 1962 година, Abarth 1000 Bialbero го освои првиот од шесте последователни Светски шампионати во Марки, и за прослава на оваа значајна титула, на логото беа додадени три нови елементи: црно-бело карирано знаме, текстот со црвени букви на жолта позадина „Campione del mondo“ (Светски шампион) и стилизиран ловоров венец.

Во 1969 година беше одлучено да се лансира подновена верзија на логото, каде што симболот на торинскиот производител, Скорпијата, значително се смени, станувајќи уште постилизиран, целосно црн и, за прв пат, со двете клешти свртени нагоре. Натписот исто така претрпува промена: сега е бел на сина позадина и стои само „ Abarth“.

Во 1971 година Abarth беше купен од Фиат и, за да се нагласи неговиот италијански карактер, италијанското знаме се појавува во позадината на натписот Abarth.

Денес логото, комплетно редизајнирано во 2007 година, ги содржи сите препознатливи одлики на Скорпијата, изработен во решително помодерен клуч, со црна силуета што ги потпира клештите во дијагонала на логото.

Доаѓаме во 2019 година. По повод 70-годишнината од постоењето на Abarth, логото е обработено со славеничка верзија, карактеризирана со карирано знаме. Логото, гордо, е истакнато само на автомобилите произведени во годината на 70-иот роденден. Во истата година, беше создадена славеничка верзија на боја, развиена само за моделот 695, за 70-годишнината, ограничено издание произведено во само 1949 единици, која е, всушност,  годината на раѓање на марката.

Но, постои лого што ги придружува сите автомобили „Abarth“, кое е поставено на двата странични панели на задниот дел, важен симбол што го вклучува она што тркачките автомобили „Abarth“ гордо го „носеа“ од 60-тите години на минатиот век. Логото вклучува  типичен жолт и црвен штит Abarth во кој се наоѓа Скорпијата, збогатена со тробојна молња. Вистинска посветеност на Abarth кон трките, што историски гледано е полигон за тестирање на иновативни технички и технолошки решенија насочени кон зголемување на перформансите и сигурноста на тркачките „Abarthѕ“ и од кои, во подоцнежната фаза, се произведуваат автомобилите.

Посветеноста на трките што продолжуваат и денес, како на патеката, така и на земјните патишта е главната одлика на марката. На патеката како снабдувач со мотори за италијанскиот и германскиот Ф4 шампионат, полигон за иднината на Ф1 шампионите. И на средбите, каде Abarth 124 ќе биде главниот јунак, трета година по ред, на ФИА-ЕРЦ, Европскиот рели шампионат.

И, секако, токму вредностите на трките, спортските конфронтации, конкуренцијата и континуираната потрага по перформанси се карактеристиките кои ги сакаат клиентите на Abarth и ги наоѓаат во производните модели. Сето тоа се докажува и со комерцијалниот успех, со пораст на пазарното учество од скоро 50% во 2020 година во однос на претходната година.

Успех кој продолжува и низ годините кои минуваат, а за својот 72 роденден, Abarth штотуку ја лансираше новата гама 2021 година во верзиите 595, Turismo, Competizione и Esseesse. Четири различни предлози, но обединети од типичните особености на оваа марка, икона на спортскиот карактер: уживање во возењето, „адреналинска“ изведба и звук на цевката на издув. На кои се додаваат нови бои и нови детали, како што се новите и ексклузивни кожни седишта. И за да и оддаде почит на својата историја и успех на митинзите, новиот 595 Competizione детално се осврнува на Fiat 131 Abarth Rally од седумдесеттите години, со новата мат сина Rally боја, додека новите 17″ алуминиумски тркала наликуваат на оние на Lancia Delta Rally Integrale од деведесеттите години. Сите информации за гамата Abarth 2021 се достапни на овој линк.

Роденден, исто така, прославен со големата заедница, која отсекогаш била срцето на марката и која станува главен јунак на овој посебен ден. Преку социјалните канали на марката, од луѓето се бара да го претстават логото Abarth преку цртежи, слики и уметнички дела кои ја претставуваат Скорпијата во својата суштина. Избраните проекти ќе станат дел од социјалните профили на Abarth.

Ви треба информација? Разговарајте со нас