Среќен роденден Панда: четириесет години успеси раскажани од нивните носители

Среќен роденден Панда: четириесет години успеси раскажани од нивните носители

– историја на моторите и на технолошките иновации

Геијална, оригинална, изненадувачка: низ четириесетте години историја на Фиат Панда знаеше да еволуира останувајќи постојано иста и освојувајќи го срцето на сите со нејзините рекорди.

  • Фиат прославува 40 на италијанската икона со три тематски виеа и тоа: едното посветено на Powertrain, второто на Стилот и третото на Smart Solution.
  • Во секое видео Лука Наполитано, директорот на EMEA Фиат & Abarth Brands заедно со директорите на различни области ќе ги раскаже тајните на секоја област.
  • Во првото видео, пуштено на социјалните канали на Фиат, а може да се погледне и на YouTube на следниот линк, се раскажува историјата на моторите и на технолошките иновации кои Панда го внесе во сегментот на city car, каде домаќин е Марија Грација Лисбона, шеф на инженерскиот оддел за моторни системи и програмскиот менаџмент на ФКА.

Да се навратиме на историјата на Фиат Панда значи да се прелиста албум со слики од пред четириесет години па до денес. Низ него се гледа развојот низ времето, а сепак да се задржи основното , суштинското. Тоа е тајната на успехот на успешниот градски автомобил на куќата Фиат: автомобил “за секоја прилика”, како што ја нарекоа – после лансирањето во 1980 на Саемот во Женева – магична кутија полна со оригинални, генијални и изненадувачки идеи.

Панда, co својот иновативен пристап, ги освои срцата на сите, станувајќи автомобил на рекорди: апсолутно најпродаван автомобил во Италија во последните 8 години, лидер – кој заедно со Фиат 500 – а пазарот на малите градски автомобили е со преку 375 илјади просечно годишно продадени автомобили, првиот 4х4 градски автомобил city car 4×4, првиот градски автомобил кој ја освоил титулата „Автомобил на годината“; првиот градски автомобил со напојување на метан произведен во серија и првиот хибриден автомобил кој го лансирала Групацијата Фиат Крајслер Автомобили, заедно со Фиат 500, во верзијата mild-hybrid, односно го започна патот на Фиат во светот на електричните автомобили.

И токму со Панда, Фиат секогаш поаѓа со воведувањето на технолошки иновации. И токму за тоа раскажува 40-годишната историја на италијанската икона: три видеа – наменети на

Powertrain, на стилот и на паметните решенија – во кои Лука Наполитано, директорот на брендовите EMEA Фиат & Abarth, заедно со трите домаќини се навраќа во минатото, и ги открива тајните на Панда, но се осврнува и кон иднината на овој безвременски автомобил. Имено, за да го направи што попристапен хибридниот мотор, Фиат реши да реализира и Панда Easy Hybrid, односно надворешниот изглед е оној на верзијата Urban, а опременоста е од нивото Easy, на располагање од 9.900 евра, создавајќи на таков начин Mild Hybrid за поширока маса на пазарот.

Домаќин во првото видео посветено на Powertrain е Марија Грација Лисбона, шеф на инженерскиот оддел за моторни системи и програмскиот менаџмент на ФКА. Co неа, Лука Наполитано, директор на брендот Фиат, ги истакнува техничките карактеристики кои ги издвоија трите генерации на Панда.

Од првите мотори кои потекнуваа од Фиат 126 и 127 per Панда 30 и Панда 45 до ексклузивниот систем на погон 4×4 лансиран во 1983: толку едноставна, а толку ефикасна технологија. Во 1986 пристигнува новата фамилија Fire: 4 цилиндри, ладење со течност и дистрибуција со брегаста осовина во главата. Истата година Панда е првиот автомобил во сегментот А со дизел мотор.

Во 2003 пристигнува втората серија на Панда, уште пофункционален автомобил, но истовремено богат со интелигентни содржини како што се MultiJet, малиот дизел мотор со директно вбризгување, за прв пат вграден во 2004. Веќе во 2006 пристигнуваат две спротивни верзии: едната, Панда 100 КС, мал спорски автомобил со мотор од 1.4 16 вентили со 100 коњски сили и со перформанси за почит (од нула до 100 за 9,5”) и другата, Панда Natural Power, co мотор 1.2 Fire 8 вентили Natural Power и двојно напојување бензин-метан. Во 2008 пристигнува и двојното напојување бензин-GPL.

Co третата генерација на Панда, лансирана на Саемот во Франкфурт во 2011, градскиот автомобил на куќата Фиат се враќа во Италија и се произведува во  фабриката во Помиљано д’Арко. Тоа се години кога расте вниманието на содржина поради што се потребни пријателски решенија за околината: уште еднаш Панда го прифаќа предизвикот на оригинален начин, како што само таа знае: метанот станува турбо со TwinAir Turbo Natural Power со 80 коњски сили. Мотор полн со самодоверба, со голема специфична моќност, способен да понуди ниски емисии и намалена потрошувачка како и забавно во возењето.

Пристигнува и новото семејство на бензински мотори FireFly со кое се опремуваа компактните модели на ФКА. На Панда се вградува моторот FireFly од еден литар со три цилиндри во аспирирана верзија mild-hybrid со 70 коњски сили, на кој се надоврзува електричниот мотор BSG (Belt Driven Starter Generator) co мочност еднаква на 3,6 kW. Технологија која ветува намалување на потрошувачките и на емисиите во совршен стил на Фиат и кој ја насочува марката  кон уште поекономична и подемократска мобилност, токму како што е Панда.

Ви треба информација? Разговарајте со нас