Среќен роденден Панда: сите “интелигентни решенија” кои во нејзините први 40 години ја направија Панда единствена, наменска и функционал

Среќен роденден  Панда: сите “интелигентни решенија” кои во нејзините први 40 години ја направија Панда единствена, наменска и функционал

  • Во текот на своите  40 години животПанда била и продолжува да биде кралица на „паметните“ решенија. Во новото видео наменето за прославата на роденденот на овој автомобил се претставуваат сите овие решенија.
  • Домаќини се Лука НаполитаноДиректор на ЕМЕА ФИАТЛанча и брендовите Абарт, Роберто Џолито, Директор на ЕМЕА ФКА Heritage, којраскажува како Панда била отсекогаш автомобил за секоја пригода.
  • Видеотопуштено на социјалните канали на Фиат, може да се види на следниов link

Низ годините, Панда се здоби со називот автомобил за секоја пригода. И сето ова благодарение на нејзиниот наменски и многу функционален molto кој ја направи прилагодлива за најразновидна употреба и најнеобични авантури. Тоа многу добро го знаат нејзините корисници кои повеќе од 40 години продолжуваат да ја избираат поради нејзините компактност, персоналност, пристапност, економичност и забава. Многу предности собрани во малечка кутија со квадратна линија. За да откриеме како е дојдено до толку интелигентни решенија кои ѝ го обезбедија успехот преку три генерации, Лука Наполитано, Директор на ЕМЕА ФИАТ, Ланча и брендовите Абарт отиде во Heritage Hub во Мирафиори на лаф-муабет со Роберто Џолито, Директор на ЕМЕА ФКА Heritage.

 «Co ова видео сакаме да се вратиме назад во минатото за да откриеме заедно  зошто Панда била дефиниција за автомобил со “интелигентни решенија” – објаснува Лука Наполитано –. Од генерација во генерација градскиот автомобил на Фиат отсекогаш имал способност да воодушевува со оригинални, осмислени елементи, проектирани за да го подобрат животот зад воланот, во совршена рамнотежа помеѓу формата и функционалноста. Модуларните седишта, задната врата и рамната полица за предмети се само некои од решенијата со кои Панда постигна голем успех. Успех во секоја смисла: Фиат Панда е најпродаваниот автомобил во Италија и во Европа, го споделува водството со Фиат 500 во сегментот на мали градски автомобили. Често велиме дека Панда е икона на функционалноста во нашата гама, најрационален автомобил, најпристапен и најнародски на Фиат и денес ќе објасниме зошто е тоа така».

 «Просторност, компактност, персоналност, економичност, забава и функционалност се карактеристики кои луѓето ги ги бараат кај автомобилот, а Панда ги пооседува сите – раскажува Роберто Џолито –. Затоа што Панда е архетип, идеален модел на кој може да се смета кога станува збор за практичност и слобода при користење. Мислиме на внатрешниот простор: “полн е со празно”. Просторот може да се исполни по сопствена желба. На пример, просторот „на дофат“, на шал-таблата на актуелната Панда е генијален. ТОлку е комплексен од проектна гледна точка, колку што е едноставен за користење. А, што да се каже тек за застакленоста? Овозможува прегледност на 360°, и тоа се должи на уште едно од “интелигентните решенија”: третото прозорче. Денес толку многу се зборува за автономно возење, а Панда “blind spot monitor” го нуди уште од времето, само што е аналогно».

Доаѓајќи до денешните “интелигентни решенија” треба да се потсетиме како Панда стана првиот градски автомобил со кочење при незгода, прв кој се искачи на Крадл, со поддршка за смартфони, со навигација waze вградена во апликацијата Панда UConnect која го направи уште поедноставно поврзан со социјалните медиуми. А, најновиот пакет D-Fence by Mopar лансиран минатата година: кој се состои од филтер со високи перформанси, прочистувач на воздухот и лампа со УВ филтер која овозможува одржување на хигиенха во автомобилот, елиминирајќи дури до 99% бактерии. А, да не се заборави и тоа дека Панда е првиот мал градски автомобил кој доби хотспот за мобилен, благодарение на интегрираното wi-fi by Wind, кој гарантира поврзаност со сите патници.

Ете накратко, објаснето за Панда: да биде современ автомобил, способен да чекори рано до рамо со времето, од генерација во генерација. Автомобил кој овозможи слобода на движењето на целото семејство,  којшто никогаш не ја загуби желбата да изненади и кој денес се претставува и во верзијата  Панда Easy Hybrid, со што стана најпристапен хибриден автомобил на пазарот. Всушност, новиот модел ги обезбедува сите предности на ефикасен хибриден мотор, компактен, лесен и пристапен. Накратко, најдоброто решение за еден градски автомобил, вои склад со пристапот на Фиат кој, во текот на своите  први 120 години историја, и понатаму е пионер во технологијата и иноватор во мобилноста, денес сè повеќе и повеќе одржлив.

 Среќен роденден  Панда!