Среќен роденден Панда: закажување со стилот за второто видео со кое се слави роденденот четириесет години од автомобилот на Фиат
• Прославите за годишнината на Панда продолжуваат со второто видео интервју на тема: Дизајн на Панда низ 40-годишната историја.
• Лука Наполитано, директор на EMEA Fiat, Lancia & Abarth Brands, зборува за тоа со Клаус Бусе, раководител на FCA EMEA Design.
• Видеото, пренесено преку социјалните канали на Фиат е достапно на следниот link.
Следи патување на четириесетгодишната историја на Панда. По задржувањето во „светот на моторите“ со Марија Грација Лисбона, второто видео е посветено на славење на иконата Фиат и преоѓа во дизајнот што ги карактеризираше трите генерации на градскиот автомобил на Фиат.
Гостин на Лука Наполитано, директор на EMEA Fiat, Lancia & Abarth Brands, да ја раскаже оваа нова приказна е Клаус Бусе, раководител на FCA EMEA Design, со кој ќе се анализира италијанскиот стил и дизајн на Панда: совршен микс на конкретност, функционалност и прагматизам.
«Успехот на автомобилот – вели Лука Наполитано – е резултат на освоен облог, на блесок на стилска интуиција изведена преку студии за нови трендови на вкус и нови потреби на клиентите. Накратко, таа е родена од рецепт што го става на тест најтешкиот судија: времето. Како во случајот на Фиат Панда, која оваа година полни 40 години постоење, сместени во три генерации, со бројни технолошки и комерцијални примати како и отелотворување на секојдневниот однос со автомобилот на непогрешлив начин: поблизок. непосреден.
Доволно е да се помисли на над 7,8 милиони примероци произведени до денес, додека во првата половина од годинава Панда се потврдува, заедно со 500-тката, како неспорен лидер во А сегментот во Европа. Всушност, благодарение на лансирањето на хибриден мотор, Панда регистрира скоро 59.900 автомобили и достигнува удел од 17,1%, со раст од +2,3 процентни поени во однос на пред една година».
Така е и Панда, градски автомобил кој од своето основање успеа да изненади, да понуди решенија за најразновидните потреби. Мултифункционален, едноставен и интуитивен, достапен и економичен автомобил. Со еден збор, непогрешливо, автомобил Фиат.
«На своето деби во 1980 година, Фиат Панда беше дефинирана како волшебна кутија полна со оригинални, генијални и изненадувачки идеи“, вели Клаус Бусе. «Панда беше дизајнирана да се користи и „да се живееше“, не само да ѝ се восхитува. Тоа е типичен дизајн објект, ценет заради неговата функционалност, но и заради неговиот стил. И токму затоа го освои срцето на сите».
Меѓу тајните за успехот на Панда се и компактните надворешни димензии, големиот внатрешен простор што може да се конфигурира за секоја транспортна потреба, широкиот избор на мотори и бројните комбинации на бои. Сето тоа собрано познатата, стабилна и смирувачка „форма“ која веднаш предизвикува симпатија и соучесништво, како во градот така и на најоддалечените планински места. Не случајно Панда е најсаканиот автомобил на Италијанците, но и многуте Европејци кои го одбрале за свој секојдневен „животен партнер“ по патиштата. Панда е градски автомобил, но во исто време и мал теренец уште кога никој не знаел што е тоа SUV. А во верзијата 4х4 е навистина незапирлив.
На крајот на краиштата, во ДНК-та на Фиат е да понуди оригинален стил и функционалност со интелигентни решенија кои го поедноставуваат и подобруваат животот во автомобилот. Така е и со Панда која се развиваше со текот на времето, останувајќи секогаш верна на себе, во совршена рамнотежа помеѓу формата и функцијата. Бидејќи градскиот автомобил на Фиат од генерација во генерација успеа да прикаже неговите стилови, без воопшто да изгуби од својот идентитет, и да ја задржи разновидноста на неговата намена. Токму затоа, Фиат Панда е икона на функционалноста во гамата, со нејзините карактеристични елементи на дизајн по кои веднаш се препознава, без оглед на серијата или годината на регистрација: од седиштата на преклоп до внатрешен простор кој може да се пополни по желба и потреба, од линијата на сигурносниот појас до контролната табла и едноставното и интуитивно уредување на командите за возењето секогаш да биде безбедно и пријатно.
Во блиска иднина, Фиат Панда ќе изненади со уште иновации, затоа што тоа нејзино поле на дејствување и продолжува да биде извор на инспирација за дизајнерите од Стилскиот Ценатр каде се работи на изнаоѓање на паметни решенија кои ќе бидат уште пофункционални за идниот градски автомобил. А, токму во еден од креативните процеси е сместен и Фиат Concept Centoventi, односно одговорот на Фиат за идната електрична и одржлива мобилност базирана на преку 120-годишната историја.
Патот во откривањето на Фиат панда не завршува тука. Во третото видео е претставено интервјуто во кое се зборува за Smart Solution. Stay tuned!