СПОРЕД GTÜ: FIAT TIPO СО ПОМАЛКУ ДЕФЕКТИ И ОД ГЕРМАНСКИТЕ ПРЕМИУМ ВОЗИЛА

СПОРЕД GTÜ: FIAT TIPO  СО ПОМАЛКУ ДЕФЕКТИ И ОД ГЕРМАНСКИТЕ ПРЕМИУМ ВОЗИЛА

Fiat Tipo има најмали дефекти во својата класа на возила. Ова е резултат на истражувањето на Германската организација за технички инспекции на автомобилите (GTÜ) која секоја година составува ранг листа на моделите кои се присутни на домашниот пазар, подредувајќи ги според детектираните проблеми на годишните прегледи. Според Германската организација за технички инспекции на автомобилите кај помалку од 1 во 100 возила Fiat Tipo, стари до три години, се забележани технички дефекти или проблем.

Fiat Tipo ја остави зад себе не само целата конкуренција, туку дури и германските премиум автомобили кои традиционално се истакнуваат со својот квалитет. Tipo оствари убедлива победа во класата со резултат 0,84.
Одличниот резултат уште еднаш го потврдува високиот квалитет на изработка на Fiat Tipo кој е достапен во хечбек, седан и комби изведба.

Ви треба информација? Разговарајте со нас