“Време е да се дејствува за да сес оздаде подобро утре”. Планетата Земја поминува многу деликатен момент, единствен во нејзината досегашна историја. Сите сме повикани да дејствуваме за да создадеме подобра иднина. Fiat го прифаќа предизвикот, поставувајќи го во првите редови токму украсот на семејството: Fiat 500. Затоа што Fiat 500 е, отсекогаш, во чекор со времето и се менува кога се менуваат општествените потреби.
Во Милано беше претставен за прв пат во светот новиот 500,првиот комплетно електричен автомобил на Фиат Крајслер Автомобили (FCA) кој ќе ги промени правилата во светот на возилата со издувни емисии нула.
За да ја замисли иднината на 500, марката Fiat тргна од тоа што таа претставува денес. Тргна од првата генерација во шеесетите години од минатиот век, токму онаа која ја означи слободата на движење. Fiat 500 стана вистински феномен во секојдневието кој се наметна како love brand. Автомобилкој е постојано на врвот, кој уште од неговото создавање, пред 63 години се постави како икона.
Co втората генерација, лансирана во 2007, Fiat 500 воведе во светот на автомобилите градски автомобил со концептот на единственостcoolness и шарм, станувајќи модна и стилска икона која од Италија го освои светот. Модел во постојана еволуција кој, во последните триесет години, ги инспирираше уметниците, музичарите и беше протагонист со повеќе од 30 специјални серии.
Сега, во 2020, во зората на една нова ера доаѓа време кога Fiat 500 ја користи сета своја популарност за да ја инспирира промената и да стане дел од решението.
Во мигот кога мобилноста е повикана да биде што поодржлива, поврзана и автономна со сè построги нормативи, Fiat 500 одново влегува во игра, со третата генерација, носејќи го со себе дизајнот и уживањето при возење: не станува збор за едноставна револуција, туку за “реинкарнација” на еден дух , духот кој може да го инспирира обновувањето. За една вистинска револуција не се доволни нормативи и правилници, потребно е нешто исконско и убаво: новиот Fiat 500.
Патот кон промената не го прави сам. Потребен е исто толку виртуозен партнер кои има волја да влезе во игра за да го подобри животот на Планетава, делејќи ги притоа вредностите и поставените цели. Затоа, и Леонардо Ди Каприого прифати проектотна новиот Fiat 500. Ѕвездата од светски размерикоја повеќе од дваесет години настапува во прво лице во одбрана на Земјата, стана втемелувач на визијата за новиот електричен автомобил и во видеотоманифест “All-in” ги поланува сите да го дадат својот придонес така како што го направи тоа марката Fiat со 500.
Ваквата визија има повеќе актери – Џорџо Армани, Булгари и Картел – трите иконски фирми на Made in Italy кои заедно со марката Фиатѝ вдахнаа живот на стратегијата каде издржаноста се спојува со извонредноста на умешноста, на креативноста и на иновацијата. Еве како се создадени One-off, трите единствени и ексклузивни примероци на новиот Fiat 500. За да се реализираат со Армани, Булгари и Картелсе појде од иконата 500, најпознатиот градски автомобил на Fiat низ целиот свет и од од оние кои се издвојуваа од третата генерација. Сплотувајќи ги едни со други беа создадени три единствени примероци на новиот Fiat 500 кои се издвојуваат со стилот, креативноста и ракотворбата.
Вистински врвни достигнувања на италијанскиот ум еднакви на ремек дела, трите One-off се изведени со волја и залагање да се користат издржани, природни и рециклирани материјали.
Во оваа стратегија насочена кон доброто на Планетата се вклопи и проектотна добротворни аукции: приходот од продажбата на трите единствени примероци 500 Џорџо Армани, на B.500 “НИКОГАШ ПРЕМНОГУ” на Булгари и на 500 Картел ќе биде дониран на една од организациите за заштита на околината на Леонардо Ди Каприо.
Толку суштина: автономија, полнење и возење на највисоко ниво
За проктирањето на новиот 500 инжењерите тргнаа од бел лист хартија, што им овозможи да се погрижат за секој аспект со максимална посветеност и да ги изберат најдобрите решенија.
Автономијата и времето на полнење се двет најбитни темиза корисниците. Автономијатана новиот Fiat 500 е до 320 km со циклусот WLTP, благодарение на батериите Lithium-Ion кои имаат капацитет од 42kWh.
За да се подобривремето на полнење,новиот 500 е опремен со системот брзо полнење од 85 kW што овозможува да се наполнибатеријата за многу кратко време. На пример, за резерва на енергија доволна да се поминат 50 километри – повеќе од доволно за просечно движење во текот на еден ден –потребни се само 5 минути. И секогаш благодарение на l брзо полнење, може да се наполнат 80% на батеријата за само 35 минути. Приклучокот “Combo 2” сместен на задниот страничен дел од десна страна на автомобилот овозможува полнење како од наизменична така и од еднонасочна струја, со прилагодување на брзо полнење.
Инаку, беше замислено да се понудат решенија и за полнење во домашни услови. Изданието на новиот Fiat 500 опфаќа и Easy WallboxTM, систем за домашнополнење што овозможува да cе поврзе на нормалните приклучоци дома. Развиен е од ENGIE EPS ексклузивно за FCA и ќе биде во продажба во Европа преку Мопар во исто време кога ќе биде и лансирањето на моделот. Станува збор за решението “plug&charge”, едноставно, пристапно и лесно за користењепреку Bluetooth, што – без потреба од никаква интервенција од страна на специјализиран персонал – овозможува да се наполни од дома, сопствениот 500 со моќност за полнење до 2,3 kW стабилизирајќи го енергетското полнење. Инаку, Easy WallboxTM е веќе подготвен за надградување на моќноста на 7,4 kW, овозможувајќи со тоа комплетно домашно полнење за помалку од 6 часа. Моделот е опремен инаку, со кабел “Mode 3” што овозможувакако домашно полнење со Easy WallboxTM така и од јавната мрежа, до 11 kW.
Новиот Fiat 500 е опремен со три начини за возење (driving mode): Normal, Range и Sherpa кои се одбираат во зависност од стилот на возење.
Подетално, начинот Sherpa му овозможува на возачот да стигне до дестинацијата со оптимално користење на ресурсите кои му се на арасполагање. Начинот Driving mode Sherpa интервенира врз повеќе елементи за да се намали до максимум енергетската потрошувачка на автомобилот, токму за да се обезбеди стигнување до најблиската дестинацијата внесена во навигаторот или до најблискиот столб за полнење. За да се стигне до еден од нив “sherpa himalayano”,којшто има контрола врз целокупната испорака на енергија и ја насочува кон целта, интервенира врз различни параметри, како што се: максималната брзина,која се ограничува до 80 km/h; одговорот од педалот за гас, за да се намали потрошувачката на енергија и дезактивирањето на системот за климатизација и на греењето на седиштата (co можност од страна на возачот да ги реактивира во секој момент).
Начинот “Normal” е тој што најмногу се доближува до оној на возило со нормален мотор на согорување. Начинот “Range” пак, ја активира функцијата “one pedal drive”. Возачот, со одбирање на овој driving mode начинможе да го вози новиот 500практично само со педалот за гас. Всушност, во моментот на неговото отпуштањестепенот на успорување е многу поголоем во однос на она што се случува кај обичниот мотор на согорување. Овој дејствува како еден вид на кочница сè до конечното запирање на движењето на автомобилот, при што не е потребно да се притисне педалот за кочница. Како и да е со секојдневното користење и со поголема пракса се стигнува до степен на возење со користење само на педалот за гас.
Моторот има моќност за 87 kW што овозможува достигнување на максимална брзина од 150 km/h (автоограничена) и забрзување за 9.0 секунди од 0-100 km/h, и за 3.1 секунда од 0-50 km/h.
Автономно возење Ниво 2 и поврзување
Но автомобилот на иднината не е само обичен градски автомобил, тој прави уште еден чекор нанапред: буквално оди на следното ниво – тоа е првиот автомобил во овој сегмент – со автономно возење од ниво 2 и ги поседува сите предности од истото поврзани со мобилноста низ градот.
Технологијата за мониторирање со предна телекамера која ги опфаќа надолжните и страничните делови на автомобилот: системот iACC (Intelligent Adaptive Cruise Control) кочи или забрзува, внимавајќи буквално на сè: автомобили, велосипедисти, пешаци. Lane Centering е систем кој го одржуваавтомобилотво центарот на коловозната лента, кога коректно се отчитуваат линиите на обележување на истата.
Intelligent Speed Assist, пак, ги чита ограничувањата на брзината и му сугерира на возачот истата да ја воспостави, додека пак системот Urban Blind Spot преку ултрасонични сензори ги контролира слепите агли и предупредува со триаголен светлечки сигнал – што се појавува на страничното огледало – доколку постојат пречки. Потоа, системот Attention Assist, преку предупредувања на екранот препорачува да се запре движењето и да се направи пауза кога возачот е уморен. Конечно, сензорите на 360 степени нудат drone view за да се избегнат сите можни пречки, кога се паркира и при посложените маневри.
Fiat 500 од третата генерација е првиот автомобил на FCA опремен со новиот систем за информирање и забава од петтата генерација UConnect 5, поврзана платформа направена за иднината, на располагање со екран од 10,25’’. Развиена со идеја да му се достави на корисникот user experience комплетно ново искуство, FCA го користи оперативниот систем Android Auto лесна верзија, интуитивен и неверојатно прилагодлив. На пример, може да се постави начинот на преглед на функциите и на апликациите преку користење на widget. Apple CarPlay е веќе на располагање со wireless. Системот е во можност да го понуди истиот начин и за Android Auto.
Накратко, новиот 500 предлага совршена интеграција на сопствениот паметен телефон преку екранна допир со висока дефиниција, со хоризонтално проширување што се интегрира совршено во таблата на автомобилот, следејќи ги нејзините линии.
Uconnect 5 во комбинација со Telematic Box Module освен што ја овозможува задолжителната функција за Emergency Call, нуди и серија на иновативни поврзувања за корисникот:
Новиот Fiat 500 е совршено поврзан: разговара со возачот во и надвор од автомобилот, овозможува однапред да се постави навигацијата, да се влезе во него кога е веќе климатизиран. И штом се влезе во него, за само 5 секунди мобилниот ќе се поврзе и не е повеќе потребен кабел за негово полнење.
Верзијат аза лансирање располага и со систем за интеракција Natural Language со напредно гласовно препознавање, што овозможува да се разговара со автомобилот за проверка на параметрите, за поставување на клима уредот и за избор на саканата музика.
Stile и design
И во поглед на стилот, новиот 500на италијански начин ја интерпретира иднината на мобилноста, собирајќи го богатото наследство, од претходните две генерации. Затоа што никогаш не треба да се заборавидекановиот 500 е и понатаму истиот, иконатана градските автомобили со истите стилски пропорции и чистиот дизајн, знак на нашето време. Класичен, cool и силен со историја долга 63 години. При неговото дизајнирање, Стилскиот центар на Fiat работеше на чистењето на знаците и на јазикот за да стигне да ги дефинира линиите на третата генерација: суштински, напредни, позаоблени и елегантни и притоа компактни, израмнети на најпропорционална поставеност на новата шасија. Ова го прави волуменот позаострен оддавајќи перцепција на зголемена стабилност и димензионална присутност.
Потоа, се бараше новиот модел да биде веднаш воочалив со посебно лого 500 коешто за прв патсе појавува во центарот на предниот знак, заземајќи го местото на логото Fiat. На задниот знак, актуелното лого 500 ја задржува поврзаноста со минатото, трансформирајќи се во верзија со посебна намена all electric: издвоен и збогатен со рамката “Light Blue”, последната нула се менува во “E” со игра на дизајнот и бојата.
На новиот Fiat 500 сите стилски елементи се едноставни и дискретни, појасни, посвежи. Предницата, вертикална како и кај моделот од 1957, е помалку таинствена, речиси наведната кон тлото што ја нагласува сензацијата на динамичност при страничен поглед. Линијата на пресек што кај првата генерација го делеше капакот на моторот од тркалезните предни светла, денес ја реинтерпретира оваа делба така што ги дели елипсовидните предни светла од работ на капакот на моторот. Предните светла имаат благо поовална, а и понатаму форма која продолжува да биде икона, се технолошки и модерни, и даваат поостар “поглед”, додека пак рачките на вратите, целосно во линија на површината, се вдлабнатини за електрично отворање. Автомобил со насмевка која и кај третата генерација не го губи својот воочлив “безгрижен изглед” изразен преку емпатичен преден дел.
Истиот креативен дух се гледа и во формите. Благодарение на суштинатана новата платформа, третата генерација на 500ги доби следниве неверојатни димензии: поширок е за 6 сантиметри, подолг за уште 6 cm има 2 сантиметри подолго меѓуоскино растојание и поголеми тркала што му додаваат персоналност и поголема просторност и притоа останува под четири метри должина.
Однатре, електричниот Fiat 500 е комплетно нов и елегантен, со јасни потсетувања и присутни елементи од правата генерација. Како вистински interior designer Стилскиот центар ја уреди внатрешноста распределувајќи ги елементите на ефикасен начин во склад со формалната едноставност на естетската чистота и видлива јасност, како што покажува долгата и тенка табла и остварувањето на модуларни решенијаза просторите за предмети помеѓу двете предни седишта, како на пример помеѓу конзолата и менувачот, со предност што ја дава пристапноста. Имаповеќе просторзад нив за нозете на патниците од задните седишта, додека подот е рамен и овозможува поставување на литиумските батерии без да се наруши капацитетот на багажниот простор. Резултатот е многу грижливо уреден амбиент, јасен и со суштински линии, хармоничен и во знак на одржливост. Исто како захибридниот Fiat 500 и електричната верзија, во зависност од нивоата на опременост, а седиштата се обложени или со штоф изработен од конецот “Seaqual” кој потекнува од пластиката извадена од океаните и морињата или од еко-кожа наместо вистинската кожа.
Eмоции за да воодушеви
Fiat 500 од секогаш е синоним за емоции. И третата генерација е подготвена да воодушеви уште пред да се притисне копчето за старт. Новиот 500 блеснува во верзијата кабрио: првиот open-air со четири седишта и нула емисии: сè е отворено, сè е електрично, сè е тивко. Затоа што иконата на Dolce Vita можеше да создаде само нешто што ќе знае да го ослободи сиот свој шарм преку формите и звуците.А кога се работи за единственоста на новиот градски автомобил, што ќе биде на располагање: за AVAS (Acoustic Vehicle Alert System), звучен сигнал за предупредување за пешаци, задолжителен при брзина од 20km/h – изборот не остана на банален звучен сигнал, туку исто така се слушаи музиката од Амаркорд на Нино Рота во чист стил на Dolce vita и во знак на автентичната италијанска креативност.
Изданието за лансирање “la Prima”(Првиот) е на располагање за резервации
Сонот станува реалност: изданието за лансирање “la Prima”, ограничено издание за лансирањето на новиот Fiat 500 што се издвојува по стилот, ексклузивноста, технологијата и поврзувањето. Од 4 март може да се нарача преку системот pre-booking online на страната www.fiat.com* преку едноставна постапка од само три клика.
One-off
Трите One-off претставени во Милано се сведоци на она што денес претставува суштина и желба да се биде на полето за подобрување на состојбата на планетата Земја и се силни исто како и фирмите како што се Џорџо Армани, Булгари и Картел, симболи на италијанската извонредност низ целиот свет, кои се дел од проектот на Нов Fiat 500 и кои се гласници на оваа промена преку реализацијата на трите единствени примероци кои го слават доаѓањето на првиот автомобил создаден во FCA којшто е full electric.
Фиат 500 отсекогаш бил италијанска икона, малечкиот на куќата Fiat кој си го проби патот низ светот и стана најпродаван автомобил на FCA надвор од Италија и најде свое место дури и во Мома во Њујорк. Спореден со овлека од високата мода, со дизајнерски предмет и со накит, за проектот Нов Fiat 500, FCA избра извонредни партнери и виртуози – Армани, Булгари и Картел – кои, претопувајќи ги заедно своите вредности, им вдахнаа живот на специјалните три примероци One-off кои се издвојуваат по стилот, креативноста и умешноста, преку употребата на природни, рециклирани и регенерирани материјали.