После лансирањата на нови верзии во последните месеци од минатата година – Новото 500, Tipo, Тipo Cross и Panda – се менува и семејството 500 и Fiat ја отвора 2021 co комплетна подновена гама.
Новото семејство 500, во кое спаѓаат моделите 500, 500X и 500L, ги претставува новите нивоа на опрменост, новите бои и новите ентериери.
Новитети и во структурата на гамата со нивоата на опременост Cult, Connect, Dolcevita, Cross и Sport, на секој од моделите. Да се избере најсоодветното на сопствените потреби е брзо и едноставно.
Пакети на додатоци од сферата на технологијата, сигурноста, комфорот и стилот.
Мороти Euro 6D-Final на целото семејство.
После Новото 500, и обновената гама на Tipo и Panda, Fiat ја отвора 2021 во знакот на Семејството 500, кое се појавува во комплетно подновена гама во однос на нивоата на опрменост, во боите и во ентериерите, и се карактеризира со новата стратегија на гамата што ја прави подостапна и полесна за избирање и одговара на специфичните потреби за мобилност на секој клиент одделно. 500, 500X и 500L го сочинуваат Семејството 500, кои меѓу себе се многу различни по вокација, форма и карактер, споделуваат иста матрица: иконата Фиат 500.
Со преку 3 милиони продадени возила од 2007, Семејството 500 постигна голем успех низ годините благодарение на постојаното подновување преку специјални серии, на пример Mirror во 2018 и 120° во 2019. Токму овие беа извор на инспирација за подновување на гамата за 2021. Семејството 500 Mirror беше создадено за клиенти кои претпочитаат да бидат поврзани и кои се во постојана потрага по новитети на полето на информирањето и забавата, додека пак специјалната серија 120° беше најелегантна и постојано порзана, креирана за прославата на сто и дваесетиот роденден на Fiat и истовремено за за да се изпише ново поглавје на темата поврзување.
Пет нови нивоа на опременост со истакната персоналност
Новото семејство 500 денес се состои од пет конфигурации, на трите модели, секој со специфични естетски особености и опрема богата со содржини што дополнително ги збогатуваат победничките одлики на секој модел. Започнува со верзијата „ Cult“, наменета за поп-светот, типичен за 500-те, за оние што бараат стил и единственост, на кои цената не им е најзначајна. Продолжува со нивото на опременост „ Connect“, за оние кои се во потрага по лесно поврзување, ова ниво е најдобриот начин да се биде секогаш поврзан со својот свет, со стил. Нивото на опременост „ Dolcevita“ е ексклузивно за моделот 500 и е посветено на љубителите на гламурозен начин на живот и инспирирано од Педесеттите години: совршено живеалиште на домашната иконата на куќата Fiat од 1957.
Понудата ја комплетираат нивото на опременост „Cross“, за оние кои сакаат да избегаат од урбаната џунгла и рутина и сакаат да уживаат во авантурите надвор од градот со своето семејство, внимаваат на животниот стил и се во потрага по содржина со силна позадина. Нивото на опременост „Sport“ е идеално за млада и динамична популација, која истовремено е и независна.
Cult: cool и рор израз на новото семејство 500
Во новото семејство 500 свое деби имаат новите нивоа на опременост, кои на секој модел му даваат специфична одлика која може веднаш да се препознае. Нивото на опременост „Cult“ најмногу го нагласува поп и кул духот, типичен за 500-те, тоа е порта кон светот на 500-те, со неговиот стил и неговата иконичност. Палетата на бои, која отсекогаш се карактеризирала со силен карактер и живост, е збогатена со иновативната и ексклузивна портокалова боја на каросеријата „Sicilia“, комбинирана однатре со новите штофови на седиштата во сина боја, украсени со монограмот FIAT отпечатен на централниот дел од седиштето, како и наменска табла во новата сина боја „Techno“. Естетските избори се во согласност помеѓу 500 и 500X.
Connect: верзии наменети за љубителите на технологијата
Нивото на опременост „Connect“ е наменето за корисниците кои сакаат постојано да бидат поврзани. Системот за информирање и забава со 7” Uconnect со DAB радио е стандарден, како и Apple CarPlayTM и Android AutoTM, наједноставен и најефикасен начин да се искористат услугите на технолошките уреди во автомобилот. На сите три модели, новите сјајни „Flashy“ седишта се во комбинација со новата мат сребрена обработка на таблата. Покрај тоа, на 500, темпоматот, спортскиот управувач со интегрирани контроли, алуминиумските тркала од 15 ”и светлата за магла се дел од стандардната опрема. Достапна е и двобојната сиво/црна каросерија Pompei/Vesuvio. На 500X седиштата се црни, управувачот е во техно кожа, а алуминиумските тркала се од 17”. Во сериска опрема се вклучени и затемнети стакла, светла за магла и LED дневни светла, сензори за паркинг и сензор за светлина и дожд. Конечно, 500L Connect капаци на тркалата од 16” во црна боја и странични ретровизори во боја на каросеријата.
Dolcevita: урбан статусен симбол, единствениот 500
500 Dolcevita потсетува на Италија од времето на економскиот бум, помеѓу крајот на педесеттите и раните шеесетти години, токму кога се роди историскиот Fiat 500 од 1957 година. Има гламурозен стил, фини естетски детали и е наменет за љубителите на дизајнот кои бараат автомобил икона, богат со технологија. Однатре, новата табла е во боја на каросеријата, а на сериската опрема на Connect, однадвор се додадени хромирани детали, стаклен покрив, сензори за паркинг и алуминиумски тркала од 15″, додека каросеријата е двобојна бело-сива (по барање) Gelato/Lunare, надополнета со беџот Dolcevita.
Cross: секојдневни излети со стил
500X, со нивото на опременост Cross, отсекогаш ги спојувал динамизмот и персоналностана италијанскиот кросовер, создаден за да се избега од градскиот метеж и да се отпатува во возбудливи авантури надвор од градот.
На 500X има нови седишта со средишен дел во маскирен дезен, вметнувања од винил и, во стандардна опрема, алуминиумски тркала од 18″, кровни шипки и автоматски клима-уред.
А од денес, новата гама на 500L е достапна и во волшебниот изглед на кросовер. Се карактеризира со огромна носивост, со простори што можат да се користат на интелигентен начин и, во исто време, со голема можност за маневрирање дури и во градска средина: 500L ја задоволува потребата за дневна подвижност, без да жртвува од непогрешливиот стил. 500L во верзијата Cross доаѓа во стандард со 16″ алуминиумски тркала, светла за магла, задни сензори за паркинг, сензори за светлина, дожд и автоматски клима-уред, врвен стил и удобност. Ентериерот е со маскирен штоф или, по барање, седишта со црна кожа.
Sport: изглед кој не минува незабележан
Врвот на гамата е претставен со ниво на опременост Sport, кое се карактеризира со ексклузивен, уникатен и непогрешлив изглед, способен да се издвојува од толпата. Спортските детали на 500 Sport не остануваат незабележани, стилот и врвната персоналност, подобрени со новата сива боја на каросерија Matt, опционал достапен на барање и посветениот беџ Sport.
Стандардни алуминиумски тркала од 16”, нови електро-заварени седишта, автоматски клима-уред, контролна табла со титаниум, 7” TFT и светла за магла. 500L Sport е исто така стилски збогатен, опремен со 17 ”алуминиумски тркала, автономна градска кочница, електрохроматски ретровизор, специфичен ентериер во Technoprene во црна боја, затемнети стакла и амбиентално светло. 500X пак, поседува 18″ алуминиумски тркала во засенчена црна боја или 19″ тркала, по барање, со специфична мат сива боја Moda на каросеријата.
Пакети на додатоци кои се однесуваат на технологијата, безбедноста и стилот
Силните карактеристики на опременоста може дополнително да се збогати за да го направи вашиот автомобил уште поубав со посебните пакети со додатоци кои исто така гарантираат значителна економска предност. Меѓу нив се издвојуваат:
– Пакетот Magic Eye, достапен на нивоата на опременост Connect и Cross, кој вклучува сензори за паркинг и задна камера, пакет NAVI и пакет ADAS со Blind Spot Detection и (откривање на слепи агли) и Adaptive Cruise Control (адаптивен темпомат), за оние што сакаат да ја имаат најновата опрема во однос на технологијатаи безбедноста;
– Пакетот Comfort, достапен на Cult, Cross и Sport, кој вклучува автоматски клим-уред и прилагодливи седишта, пакет Visibility со ксенонски предни светла, електрохроматски ретровизори, сензор за дожд и светлина за оние што бараат највисоко ниво на удобност при возењето;
– Пакетот Style достапен на Connect кој вклучува хромирани детали и затемнети стакла со комплетен LED пакет за оние кои бараат уникатен стил.
Сторија за успех
Симболот на “Made in Italy”, потврдено во светот благодарение на неговиот италијански стил, континуирана иновативност и врвен квалитет, Fiat 500 е родоначалник на ова ново семејство. 80% од италијанската икона се продава надвор од Италија и заедно со неговата сестра Panda, отсекогаш бил лидер во сегментот на градски автомобили во Европа.
Воведувањето на хибридната верзија на 500, како и на Panda – се дава дополнителен поттик за продажбата на двата модели, со цел да остварат најдобри резултати досега: всушност во 2020 година, податоците од крајот на ноември 2020 година за уделот на пазарот во Европа со 500 и Панда беше највисок досега забележан, со 17,5% односно 18%.
Веднаш до него, новиот подновен 500X, кој продолжува да игра водечка улога, уште од неговото лансирање во 2014 година, и кој отсекогаш е лидер во сегментот во Италија и е цврсто во топ 10-те во Европа.
Конечно, простор за удобниот 500L кој, од 2012 година, продолжува да биде кул автомобил за модерните семејства што го комбинира стилот на иконата 500 со разновиден и изработен дизајн made by Fiat. 500L е лидер во Италија во својот сегмент осма година по ред е на подиумот во девет други земји.