Семејството 500 бележи три милиони продадени возила во Европа

Семејството 500 бележи три милиони продадени возила во Европа

Најнов рекорд на оваа извонредна гама – составена од моделите 500, 500L и 500X – која постојано расте и се развива за да задоволи една клиентела која е се похетерогена по возраст, по вкус и по потребата за мобилност

Новиот и ексклузивен 500C Star ја надмина бројката од три милиони продадени возила во Европа од семејството 500, најнов рекорд за една победничка гама која ја освои јавноста со иконата 500, градски автомобил во постојана потрага по стил и мобилност; повеќенаменскиот 500L, идеален за млади семејства и 500X, комплетно италијански кросовер со кој секојдневно се доживуваат “градски авантури”. Семејството 500, инаку, достигнува успех на интернационално ниво: 62% од продажбата е регистрирана надвор од Италија и со тоа останува првиот пазар пред Велика Британија, Франција, Германија и Шпанија.

Рекордниот 500 е кабрио верзија и “е облечен во облека” со ѕвездено бела боја, збогатена со розева нијанса, која совршено се прилагодува на ексклузивниот ентериер во комбинација на песочно-црна боја и елегантната обработка Matelassé (двослојна ткаенина проткаена со украсна нишка) со детали во екокожа и извезено лого 500 во бордо боја.

Меѓу тајните на ваквиот успех е и способноста да се испитуваат нови територии, оживувајќи на тој начин семејство на автомобили различни меѓу себе по намената, формата и карактерот, но кои споделуваат иста матрица: Фиат 500. Симболот Made in Italy кој се потврдува низ светот благодарение на италијанскиот стил, постојаната иновација и премиум квалитетот, Фиат 500 ги прекрши традиционалните правила на сопствениот пазар, покажувајќи дека еден мал градски автомобил може да постигне глобален триумф и да биде предводник на цело семејство на симпатични и пристапни автомобили кои обезбедуваат максимална слобода на избор и употреба. И денес Фиат 500 прави чекор нанапред претставувајќи ја новата гама која е збогатена со значајни дополнувања, меѓу кои се истакнуваат двете нови верзии на врвот од гамата Star и Rockstar.

Свој простор освојува и новиот 500X кој е комплетно подновен минатиот септември за да продолжи да ја игра улогата на протагонист: уште од лансирањето во 2014, тој е постојано лидер во сегментот во Италија и стабилно се држи во топ 10-те во Европа. Ремек-делото на националната индустрија, новиот 500X ги спојува безвременските стил и дизајн со иновативна технологија која е во можност да ги задоволи новите потреби за мобилност. Не случајно тоа е првиот автомобил на марката Фиат кој ги воведе новите мотори FireFly Turbo 1.0 и FireFly Turbo 1.3, ефикасни и иновативни кои претставуваат безброен по ред технолошки примат на Групацијата на полето на отористиката.

Семејството 500, ја комплетира удобниот 500L кој продолжува да биде идеален одговор за современите семејства. Обновен во 2017, моделот најдобро го искажува биномот “Cool&Capable” бидејќи ги соединува исконскиот стил на 500 со функционалниот дизајн Made in Fiat. Неговата тајна? Да се биде повеќе просторен, со повеќе технологија и повеќе персоналност.