На церемонијата која се одржа во Милано, во Театарот Елфо Пучини, беа доделени наградите од 50-ото издание на Key Award 2018, едно од најзначајните признанија од светот на рекламните филмови. Организирана од страна на Media Key – издавачка групација на најголемите списанија од секторот и референтна институција за директорите на маркетинг во Италија – престижното признание беше доделено на краткометражниот филм “Fiat 500X – A taste of tomorrow. Today” (Вкусот на утрешнината. Денес), кој се претстави во категоријата “Транспорт и енергија “.
Реализиран од креативната агенција Лео Бурнет и снимен од режисерот Аго Панини за продукциската куќа Movie Magic, филмот го придружуваше лансирањето на Новиот 500X. Во филмот, главниот протагонист се трансформира во една извонредна “временска машина”, која има моќ да ги задржи ознаките на иконата Fiat 500, и да понуди нови технологии кои “доаѓаат” од иднината. И токму ова е концептот на комуникациската кампања која со оригинално сценарио e инспириран од култниот филм “Враќање во иднината”*, со што го чествува филмот и постигна голем успех на интернет: на созијалните канали на ФИат досега има преку 42 милиони прегледи, што е најдобар резултат досега за една марка на Групацијата Фиат Крајслер Автомобили.
Дејството на краткометражниот филм “Fiat 500X – A taste of tomorrow. Today” (Вкусот на утрешнината. Денес) е сместен во еден италијански град, во шеесетите години на минатиот век, каде еден млад брачен пар, зад воланот на еден Fiat 600 серија D, вози низ улиците преполни со продавници, пешаци и автомобили од времето, наметнувајќи ги сите одлики на нештата Made in Italy кои многу наскоро ќе го освојат светот. Но, одненадеж, гром удира во автомобилот и го проектира во иднината, која е наша сегашност, трансформирајќи го во Новиот 500X: и така започнуваат неочекувани, нови ситуации кои им овозможуваат на младите да ги откријат сите новитети на новиот модел.
Новиот член на семејството 500 беше и протагонист во друга категорија на Key Award 2018. Спотот “What the Fragrance”, реализиран од Perfume Holding и Лео Бурнет, ја освои првата награда во категоријата “Spot online”. Спотот го придружуваше лансирањето на префинетиот парфем 500, во машка и женска верзија, креиран од маестрата на парфемите Perfume Holding кои пак, се инспирираа од митското Fiat 500, стилската икона која низ годините остана верна на самата себе и ја има моќта да влијае на креативни полиња кои меѓу себе многу се разликуваат: од дизајнот до уметноста, од модата до филмот.
*”Враќање во индината” е обработен со дозвола од авторот