По големиот успех на Новиот 500 “Првото Launch Edition” се враќа врвот на гамата со верзијата на Новиот 500 “(Првиот) La Prima by Bocelli”

По големиот успех на Новиот 500 “Првото Launch Edition” се враќа врвот на гамата со верзијата на Новиот 500 “(Првиот) La Prima by Bocelli”

Новиот 500 “(Првиот) La Prima by Bocelli”, нова верзија на врвот во гамата се враќа за да го продолжи успехот на првата генерација, веќе распордадено нумерирано издание неколку месеци пред лансирањето, кое се случи во март 2020. Досега, тоа е најраспродадена верзија на моделот: всушност секој трет купен автомобил на моделот Нов 500 е ексклузивен La Prima (Прв). FIAT, заедно со маестро Андреа Бочели, Матео Бочели и фирмата JBL, го претставува иновативниот систем на премиум аудио, целосно посветен на “звукот на тишината” на иконата на FIAT. Новата песна на Матео Бочели, со иновативен звук и музички идентитет ќе биде звучен столб на соработката.

Новиот врв на гамата ја нуди и нов простор за предмети “Sanitizing Glove Box”, иновативна и содржина која се истакнува, со што го подржува стилот на италијанската “Dolce Vita” во пост-Ковид периодот.

Новиот 500 “(Првиот) La Prima by Bocelli” нуди серија успешни  содржини од првата генерација: од премиум пресвлеките “soft-touch” до звукот на AVAS компониран од Нино Рота и единствениот мек кров со монограм Fiat за кабрио верзијата.

Новиот 500 е најпродаваниот електричен модел на Стелантис и е најкупуван електричен автомобил во Европа во категоријата на градски автомобили.

Новиот 500 “(Првиот) La Prima by Bocelli” е првиот градски автомобил во светот опремен со технологијата “Virtual Venues” на JBL за едно неспоредливо аудио доживување. Токму новата верзија на врвот на гамата на иконата Fiat во серија нуди ексклузивен JBL Premium Audio mastered by Andrea Bocelli, премиум аудио уред со моќност од 320 W, со префинета архитектура и перформанси, но истовремено, едноставен и лесен за употреба. Совршено и без никакво влијание се вклопува во внатрешниот простор или во багажникот. За да го направи аудио уредот JBL по мерка на автомобилот, FIAT се обрати за мислење до тенорот со светска слава маестро Андреа Бочели, и како музички столб за комуникациската кампања го избра новиот синг во пристигање на Матео Бочели.

«Неверојатниот успех на на Новиот 500 La Prima, врв на гамата на нашата електрична икона, нѝ покажа дека нашиот корисник посакува премиум производ којшто ќе биде вистински италијански производ и ќе претставува вистинска икона: всушност го бара и го сака најдоброто Made in Italy – изјави Оливие Франсоа, директорот на FIAT и Глобалниот генерален маркетинг директор на Стелантис (СЕО и CMO) -. А, секако, токму во Италија се наоѓа максималниот израз на уметноста, на убавината, на музиката. Токму затоа, заедно со Маестро Андреа Бочели, создадовме можност за слушање на совршен звук кој ќе ја истакне тивкоста на автомобилот. Благодарение на технологијата на JBL, издигната на највисоко ниво со системот на Virtual Venues, им обезбедивме на нашите корисници извонредно и совршено приспособено слушање. Овој револуционерен премиум уред, ја комплетира автентичната италијанската икона, гордо создадена од Италија за светот, која на сите им  го вдахнува автентичниот италијански дух».

Новиот 500 (Првиот) La Prima by Bocelli     

За своето деби на светската сцена Новиот 500 (Првиот) La Prima by Bocelli е „облечен во одело“ со црна боја, совршено како за оперска премиера, и предлага серија простор за предмети “Sanitizing Glove Box”. Уредот предвидува интетгрирање на ламба со УВ зраци во внатрешноста на просторот за предмети под таблата од десната страна и помага да се одржува хигиенски чиста површината на мобилниот телефон, на клучевите од дома, на останатите ситбни предмети за секојдневна употреба. Доволно е корисникот да ги стави своите лични предмети во просторот наменет за таа цел, да го затвори и да ја вклучи ламбата преку копчето кое се наоѓа на централната конзола. Штом зрачењето кое трае три минути заврши, корисникот ќе биде известен за тоа преку сијаличка во сина боја и звучен сигнал.

Новиот врв на гамата содржи и бројни дизајнерски и технолошки “украси”: единствениот мек кров со монограм Фиат за кабрио верзијата, системот за информирање и забава со екран на допир со висока резолуција од 10,25”, предни full led светла, тркала од 17” во форма на дијамант, беџ “La Prima”, како и премиум внатрешност со испреплетена табла и седишта во мраз беж боја, кои го претставуваат потписот на FIAT.

Новата врзија се одликува  со авангардна технологија, со автономија од 320 km, потврдени со строгиот циклус за хомологација WLTP, која достигнува и до 460 km доколку се користи во градскиот сообраќај. Секако, тука се и системите за помош при возење на Новиот 500 којшто е првиот градски автомобил опремен со вакви системи од ниво 2.

Новиот 500 (Првиот) La Prima by Bocelli е достапен во три конфигурации, и тоа: кабриолет, лимузина и 3+1, и во шест бои на каросеријата: црна Onyx, златно-розева Rose Gold, бела Ice, сива Mineral, зелена Ocean и небесно сина Celestial.

JBL

JBL создаде звучен столб кој ги придружува најважните моменти во живото: уште од фестивалот Вудсток и концертите во Медисон сквер гарден арената, до натпреварите на Јенки Стадионот, до патувања за викенд со автомобил. JBL го носи дожувувањето на слушателите на едно повисоко ниво благодарение на повеќепати наградуваниот аудио систем, којшто им овозможува најдобро да го искористат секој момент. 75 години на взаемна и неспоредлива доверба со корисниците професионалци и лидер во секторот, JBL мудро ги спои визијата за иднината со страста и талентот на инженерите  и проектантите од целиот свет. Signature Professional Sound на JBL е водечка технологија во секторот која се користи на главните настани од поп културата. Секако, марката соработува и со најдобрите таленти од светот на музиката преку светот на спортот па сè до светот на екстремните спортови.

Ви треба информација? Разговарајте со нас