После Италија, Франција и Германија, “500 Forever Young Tour” пристигнува во Шпанија
Во Мадрид, во зоната на Calle Jorge Juan, јавноста го пречека ексклузивниот Fiat 500 специјална серија посветена 60-иот роденден.
После Италија, Франција и Германија “500 Forever Young Tour” ја освојува Шпанија, Мадрид, за да го прослави шеесетиот роденден на Fiat 500. Турата потоа продолжува по плоштадите низ Европа каде вљубениците и колекционерите на Fiat 500 од сите возрасти ќе може да уживаат во оваа верзија. “500 Forever Young Tour”, е дел од еден поголем проект со кој марката Fiat го прославува 60-иот роденден на Fiat 500, иконата верна на самата себе, која е секогаш актуелна. Градовите низ кои помина во Франција, Германија и Шпанија се облечени во роденденско руво и трансформирани во идеална сцена од шеесетите на која настапуваат речиси стотина артисти. Успехот го потврдуваат преку седум те илјади посетители во главниот град на Шпанија кој секојдневно е осветлен од блицовите на фотографските апарати и мобилните телефони.
Дизајнот и моќта да се биде секогаш во тренд и актуелен се две од тајните на успехот и вечната младост на Fiat 500, кој извонредно се вклопува во амбиентот на уличките низ квартот. Апсолутен протагонист е специјалната серија која е во префинета двобојна ливреа со име кое евоцира спомени од периодот на “Долче вита”, кога трислојната бела боја ја надополнува пастелната боја на слонова коска. Исто како филмска ѕвезда, ексклузивната специјална серија која ја прифати широката јавност која непрестано ја фотографира заедно со еден примерок на историскиот Fiat 500 изложен од страна, меѓу слаткарницата и сладоледот во костим од шеесетите, количка со цвеќе и слики на личностите кои ги импресионирале папараците, славните фотографи на ѕвездите кои го одбележаа периодот на Долче вита.
Fiat 500 е лидер во продажбата во 9 земји и на подиумот на 7 други, и веќе десет години ја одржува истата квота на пазарот.
Успехот се задржува и во текот на последната етапа на Forever Young Tour која го почнува одбројувањето на прославата на 4 јули, денот кога Fiat 500 ќе ги дувне 60-те свеќички за неговиот роденден преку една серија на иницијативи и настани.