Ново TIPO и ново TIPO Cross: нови мотори, нови дизајни, нови верзии и нова технологија

Ново TIPO и ново TIPO Cross: нови мотори, нови дизајни, нови верзии и нова технологија

• Гамата TIPO, 4 & 5 врати и SW, комплетно се проширува со новото TIPO Cross: Crossover-от кој недостасуваше.
• Ново TIPO Cross – Crossover според TIPO – предизвикува емоции, се разликува и е динамичен – совршен и за младите и за семејството.
• Новото TIPO се подновува во дизајнот, во технологијта – co сигурност и инфозабава на врвот во својот сегмент – и во моторите.
• Нова гама на мотори: поеколошки и со повеќе перформанси

TIPO се подновува: комплетен рестајлинг на гамата, нов дизајн – посмел, младешки и динамичен – технологија на највисоко ниво и нови еколошки мотори, со подобрени перформанси. А, гамата се проширува и благодарение на новиот Crossover: новото TIPO Cross.
Новата гама е проширена во две насоки: едната е “Life” изведена со три нивоа на опременост – TIPO, City Life, Life, кои се на располагање со три варијанти на каросерија (4 врати, 5 врати и SW), а другата е “Cross” која пак ја има во две нивоа на опременост – City Cross и Cross – како и во варијантата на Crossover со 5 врати.

Верзијата Cross на моделот Panda, разновидна и смела, беше стратешки клуч за успехот на овој модел на европско ниво. Ликот на “Crossover-от” всушност ја приближи Panda до еден нов помлад таргет, којшто не бара само функционален, совршен автомобил за во град, туку и супер cool изглед на постоечкиот дизајн. Токму затоа, истата стратегија се применува и кај TIPO, co проширувањето на семејството. Дизајнeрите и проектантите на Fiat го развија проектот за новото TIPO Cross, создавајќи го и Crossover-от на TIPO , којшто исто така има нова целна група, поширока во однос на претходната во поглед на старосната граница, естетски вкус за потребите за движење.

Новиот “look” на TIPO
Новото TIPO е комплетно подновен и денес се појавува како уште помодерен, подинамичен и елегантен. На новата предница се појавува редизајнирана маска на која се наоѓа и новото лого на Фиат, со букви испишано FIAT, значаен и силен став. TIPO е, меѓудругото, првиот автомобил на Фиат кој го применува ваквото лого, после новиот Fiat 500 кој штотуку беше претставен на јавноста.
Предните фарови се комплетно редизајнирани. И предните и задните фарови сега се со технологија “full-led”: со тоа се зголемува како активната, така и пасивната безбедност – благодарене на поголемата видливост, со нив се истакнуваат не само линиите на автомобилот, туку му даваат и посовремен изглед и истовремено го прават автомоблот поодржлив до најмалиот детаљ, ја намалуваат потрошувачката на електричната енергија во возилото – а, со тоа и емисијата на CO2.

Од страните, на нискиот дел на автомобилот којшто е комплетно редизајниран со вклучување на елементи во finishing ICE MATTE – засенчен хром – се надоврзуваат новите тркала од лесна легура од 16” или 17” co дијамантирана обработка и нови дизајни.

Однатре, амбиентот е потполно нов. Седиштата се во штофови со ексклузивни дизајни. Дигиталниот команден дел со екран на допир од 7” може да се конфигурира според потребите и ја заменува стандардната аналогна инструмент табла. Исклучително технолошки и софистициран изглед кој овозможува да имате целосна контрола над возилото во текот на возењето. Истовремено го имате на дланка милтимедијалниот дел од автомобилот, како и телефонот. На екранот одлично се надоврзува најновиот систем за радио UConnect 5 co екран на допир од 10,25”, кој исто така за прв пат е монтиран на автомобил на Групацијата FCA, на најновиот Fiat 500.

Воланот, сега уште поелегантен и поспортски, беше предмет на посебно внимание од страна на дизајнерите. Сега е покомпактен и обликуван за да биде со подобра ергономија а, исто така, овозможува и совршена видливост на збирниот команден дел со екран на допир од 7 ”. Посебно внимание беше посветено и на централната контролна табла каде што се преработени командите за клима-уредот, каде се додадени хромирани и црни инсерти.

Новата гама на TIPO е на располагање и во две нови нијанси: сина – Oceano и портокалова Paprika.
Ново TIPO Cross, Crossover-от според TIPO
Семејството TIPO се шири со доаѓањето на нов надворешен облик. Fiat го лансира Ново TIPO Cross, коешто им се придружува на другите три варијанти на каросерија (4 врати, 5 врати и Station Wagon): вистински Crossover, кој е насочен кон целосно нова целна група. Денес семејствата – кои отсекогаш биле најбитни за Fiat TIPO – ги преиначија своите желби, повеќе не ги сакаат традиционалните автомобили со 5 врати и верзиите Station Wagon и се препуштаат на светот на кросоверите, без да изгубат простор и комфор. Подготвени се за доживување на новоискуство со повозбудлив, посебен, динамичен и нов вид на автомобил, но по прифатлива цена. TIPO Cross, „новиот семеен кросовер на Fiat“ е одговорот.
Структурата на TIPO Cross е значително посилна и поагресивна. На прв поглед се гледа дека е поширок, со нов дизајн на предната маска која се издолжува кон краевите, сè до фаровите и очигледно, е повисока. Вистински Crossover.
Поставеноста на TIPO Cross, е повисока за речиси 4 сантиметри, благодарение на новата изработка на суспензиите на тркалото, пневматикот кое е веќе видена на уште еден Crossover од гамата на Fiat 500X. TIPO Cross има поголеми пневматицисо што добива уште поробусен изглед.

Ви треба информација? Разговарајте со нас